Македонија
Судскиот совет ќе избира претседатели на четири судови
Судскиот совет на Република Македонија соопшти дека е донесена одлука за оглас за избор на претседатели на четири судови. Ќе се бираат претседатели во Апелационен суд во Гостивар, Основен суд Кратово, Основен суд Охрид и Основен суд Струга.
Судскиот совет на Република Македонија соопшти дека е донесена одлука за оглас за избор на претседатели на четири судови. Ќе се бираат претседатели во Апелационен суд во Гостивар, Основен суд Кратово, Основен суд Охрид и Основен суд Струга.
На последната седница советот донесе одлука за престанување на судиската функција на Виолета Чинговска судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје, по сопствено барање и констатира престанок на судиската функција на Бранко Димитров – судија на Основниот суд Радовиш, поради навршени 64 години.
Советот донесе и одлука за престанок на функцијата судии поротници во Основниот суд Скопје 1 Скопје по предлог листа на претседателот на судот.
На седницата беа разгледувани и поплаки и претставки на граѓани поднесени до Судскиот совет во кои се жалат на работата на судиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВРЕДИ: Елми Азири подготвен да го потоне ДУИ
„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата 161!“, велат од ВРЕДИ.
„Со оваа, пратеникот Азири го призна тоа што Коалицијата ВЛЕН го зборува во контуинитет: Состанокот помеѓу ВМРО и ДУИ заедно со нејзините сателити се случил на барање на Али Ахмети пред основањето на Владата. Средбата е одржана во Собрание во канцеларијата 161. На тој фамозен состанок присуствувале Блерим Беџети, Елми Азири и Мендух Тачи.
Оваа „европска“ тројка коленичела пред претставниците на ВМРО со цел да издејствуваат да станат дел од Владата наместо ВРЕДИ со само четири министри и без претседател на Собрание. Дури, нуделе на локалните избори да сработат ВМРО да добие Македонци за Градоначалници на Кичево и Струга и да направат список на поранешни функционери на ДУИ кои Ахмети бил подготвен да ги жртвува само за да ги спаси своите внуци.
Со оваа јавно признавање, паднаа сите маски. Се потврди дека „Европскиот фронт” за да ги спаси своите поранешни функционери од кривична одговорност за сторена политичка корупција нема дно кое може да го пробие“, соопштуваат од коалицијата ВРЕДИ.
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево со умерена локална облачност
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.
Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Скопје
Без вода Кисела Вода и Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.
– поради изведување на водоводен приклучок ф- 200 мм на улицата Борис Трајковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)
– поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Центар)