Македонија
Бугарски пратеници против Македонија во НАТО и ЕУ
Патот на Македонија кон Европа минува преку почитување на правата на Бугарите, порача група пратеници во бугарскиот парламент.
Патот на Македонија кон Европа минува преку почитување на правата на Бугарите, порача група пратеници во бугарскиот парламент.
Држава, која ја краде и дрско ги фалсификува учебниците по историја, идеалите на стотици бугарски национални херои и воспитува омраза кон Бугарија и бугарскиот народ, не е подготвена за членство во ЕУ и НАТО, се наведува во декларацијата на парламентарната група на Движењето „Напред“.
Документот вчера го прочита претседателот на ВМРО Красимир Каракачанов по повод обраќањето на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски во парламентот во Софија, пренесе агенцијата Бгнес.
Во „јасната порака до властите во Скопје“ се порачува дека во ЕУ нема место за држава која ги гони своите граѓани, кои се определуваат како Бугари.
Држава, која ги репресира своите граѓани, само за тоа, што се чувствуваат Бугари, нема да стане член на семејството на демократските држави, се вели во декларацијата
Претседателот на бугарското собрание Георги Пирински вчера изрази задоволство од пријателските односи меѓу Бугарија и Македонија и изрази готовност да Софија да ги сподели своите европските искуства со Скопје.
Вељаноски ја поздрави принципиелната поддршка од Бугарија за македонските евроинтеграции.
Парламентарната група на Движењето „Напред“ во бугарското 240 – члено Собрание има 11 пратеници, а нејзин претседател е Каракачанов.крај/б/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

