Македонија
Два дена нема настава за албанските основци во велешко Бузалково
Два дена не се одржува наставата во подрачното основно училиште во велешкото село Бузалково. Родителите на учениците преставувани од Иницијативниот одбор, своето барање за отцепување од основното општинско училиште „Васил Главинов“
Два дена не се одржува наставата во подрачното основно училиште во велешкото село Бузалково. Родителите на учениците преставувани од Иницијативниот одбор, своето барање за отцепување од основното општинско училиште „Васил Главинов“ но и вработување на наставници од албанска националност вчера и’ го презентираа на директорка Катерина Стојкова а денеска барањата лично го слушна и заменик министерот за образование Сафет Незири.Во училиштето во село Бузалково, заедно со училиштата во селата Клуковец и Сливник, учат 450 деца во 19 паралелки. Наставата ја изведуваат вкупно 31 наставници од кои 21 се од албанска националност, десет се од македонска. Според Законот за образование исполнети се уловите училиштето да функционира како самостоен правен субјек.Заменик министерот Незири посочи дека наставниците македонци се вработени под договор кој истекува во декември годинава, тогаш Министерството за образование ќе објави конкурс за работните места, би требало на конкурсот да се јават наставници од албанскиот етникум, со завршено високо образование. Кога станува збор за отцепување од Васил Главинов и постанување посебен субјект, заменик министерот посочи на Законските одредби/За директорката на општинско основно училиште „Васил Главинов„, Катерина Стојкова, барањето на родителите од село Бузалково е неспорно. Според Стојковска спорен е начинот на кој родителите се обидуваат да дојдат до посакуваното решение. Децата несмејат да ја бојкотираат наставата а родителите своето барање училиштето да стане засебно требало до Општина Велес да го достават пред почетокот на учебната година.Дали во среда основците од селата коишто гравитираат кон Бузалково, ќе седнат во училишните клупи, зависи од решенијата кои ќе произлезат од состанокот кој вечерва во Бузалково ќе го има Иницијативниот одбор и родителите на учениците основци./крај/дктв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

