Македонија
ДЗС: Врнежите не предизвикаа сериозни последици
Врнежите од дожд што изминатиот период ја зафатија територијата на Република Македонија не предизвикаа сериозни последици врз станбените објекти, деловните објекти, земјоделските површини, патиштата, мостовите и слично, освен на некои поединечни места, информира Дирекцијата за заштита од спасување.
Од таму информираат дека на подрачјето на општината Куманово во изминатото деноноќие дошло до подигање на нивото и излевање на реката Кумановка кај селото Доброшане при што се поплавени 20хектари земјоделска површина. Кај селото Довезенце излеана е реката Крива река при што поплавени се 10 хектари.
На територија на Општините Крива Паланка, Пробиштип и Радовиш нема излевање и поплавување на реките и водотеците. Во текот на вчерашниот ден нивото на Крива река и Дурачка река беше покачено, но денес состојбата е нормализирана и стабилна.
По барање на Општина Штип, Дирекцијата за заштита и спасување даде 1.000 вреќи за песок заради изградба на заштитен насип на бунарите кај реката Брегалница. Состојбата со реките и водотеците е стабилна и нема никакви опасности, информира ДЗС.
Во соопштението се наведува дека изминатите два дена нивото на реките и водотеците во Кочани е покачено. Излеана е Злетовска река кај село Ново селани и се поплавени оризови полиња. Од стана на Дирекцијата за заштита и спасување е ангажирана градежна машина која од петокот работи на расчистување на коритото на Злетовска река, како би се спречило понатамошно излевање и поплавување на оризовите полиња. На барање на локалната самоуправа од страна на ДЗС е ангажирана уште една градежна машина за расчистување на коритото на Злетовска река кај селото Жиганци.
„Сакаме да нагласиме дека досега нема поплавување на станбени и деловни објекти, туку поплавување имаме само на земјоделска површина. Сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување на територија на Република Македонија ја следат состојбата во соработка со општините и се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување”, се наведува во соопштението.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

