Македонија
Нема преговори за членство во ЕУ за време на чешкото претседавање
Преговорите на Македонија за членство во Европската Унија нема да бидат отворени за време на шестмесечното чешко претседателство со Унијата, вели чеш
Преговорите на Македонија за членство во Европската Унија нема да бидат отворени за време на шестмесечното чешко претседателство со Унијата, вели чешкиот заменик министер за надворешни работи, Томаш Појар
„Чешката република би го поздравила тоа, но мислам дека тоа нема да биде договорено, тоа не е во стратегијата на ЕУ”, вели Појар за емисијата Еврозум, што ќе се емитува на А2 телевизија.
Според чешкиот претставник, претстојните претседателски и локални избори во Македонија ќе бидат внимателно набљудувани од ЕУ, не само поради резултатот, туку поради процедурите, односот начинот на кој тие ќе бидат спроведени.
„Последните избори беа внимателно набљудувани, исто така и следните ќе бидат набљудувани, не поради резултатот, туку поради процедурите. Македонија треба да ги вложи сите напори за ги направи изборите транспарентни, демократски” рече Појар./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

