Свет
Пентагон не исклучува употреба на воени мерки против Иран
Првиот човек на Пентагон, Леон Панета, не ја исклучува можноста дека САД би можеле да преземат воени мерки против Иран, доколку другите алтернативни мерки нема да го спречат оваа земја да создаде нуклеарно оружје, јавува Reuters.
Првиот човек на Пентагон, Леон Панета, не ја исклучува можноста дека САД би можеле да преземат воени мерки против Иран, доколку другите алтернативни мерки нема да го спречат оваа земја да создаде нуклеарно оружје, јавува Reuters.„Воената акција е последната опција, кога сите други не успеваат Но, не се сомневајте, ние ќе дејствуваме, доколку биде потребно“, ги цитира агенцијата зборовите на американскиот министер на одбраната.Претходно во вторникот, прес-службата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Кетрин Ештон, соопшти дека на Иран, од името на „шестката“ меѓународните посредници (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Германија и Франција) му понудила продолжување на разговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е наменета исклучиво за истражувачки цели за цивилна употреба, за добивање електрична енергија и за употреба во медицината, одбивајќи ги тврдењата на западните земји дека под таа маска збогатува ураниум за развивање на нуклеарно оружје. Во последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) се тврди дека Иран значително го забрзал збогатувањето на ураниумот, и дека до 2003 година развила нуклеарно оружје што може да го прави и во моментов. Тоа предизвика проширување на санкциите од Европската унија и САД за Техеран и забрана за увоз на иранска нафта, што резултираше со пораст на цената на „црното злато“ и поради стравот од воена конфронтација во регионот.Пред две седмици Техеран повика на продолжување на преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма, но досегашните контакти на IAEA и Иран не навестија дека тие преговори би можеле да резултираат со договор кој би ги ублажил стравувањата за безбедноста во регионот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos
Свет
САД ја проширија листата на држави: гаранција до 15.000 долари за американска виза
Државјаните на уште 25 земји, меѓу кои и Венецуела, може да мора да положат гаранција до 15.000 долари за да добијат американска виза, соопшти американскиот Стејт департмент. Со ова, листата опфаќа вкупно 38 држави, претежно од Африка, Латинска Америка и Јужна Азија. Новите правила стапуваат на сила на 21 јануари.
Гаранцијата ќе изнесува 5.000, 10.000 или 15.000 долари и ќе се утврдува при интервјуто за виза Б1/Б2, а уплатата ќе се врши преку платформата Pay.gov. Мерката е дел од пилот-програма започната во август, чија цел е да се спречи пречекорување на дозволениот престој.
Администрацијата на Доналд Трамп ја оправдува мерката со зајакнување на безбедноста, додека организациите за човекови права ја критикуваат како рестриктивна.
Фото: pexels

