Свет
Напад на полициска станица во Пакистан – 20 жртви

Напаѓачи вооружени со пиштоли и гранати утрово убиле најмалку осум полицајци во академијата во градот Лахор во Пакистан.
Нападот се случи помалку од еден месец по последниот колеж кога терористите нападнаа крикет тим од Шри Ланка, при што загинаа шест полицајци и возачот на автобусот, а напаѓачите успеаја да избегаат.Полициската академија се наоѓа на патот кон границата со Индија, во периферијата на градот. Светските медиуми пренесуваат дека некои од напаѓачите биле маскирани како полицајци. Тие влегле во академијата, фрлиле неколку гранати и отвориле оган. Според првите информации, има дваесетина загинати, а околу 50 се повредени.„Загинаа најмалку 20 лица“, изјави за Франс Прес офицер на полицијата, Амџад Ахмад. Останатите полицајци тврдат дека бројот на загинати можел да биде и поголем поради престрелката меѓу полицијаците и напаѓачите.Набргу по почнувањето на нападот стигнало зајакнување, академијата е опколена, а полицајците ги извлекле надвор повредените колеги. Четиринаесет напаѓачи успеале да избегаат. Пакистанските власти изјавија дека се уште е рано да се утврди точно кој е одговорен за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Силно невреме во Романија: има загинати, стотици евакуирани

Силна бура проследена со ненадејни поплави ја погоди Романија, каде што две лица загинаа во последните 24 часа, а стотици се евакуирани од своите домови, јавуваат романските медиуми.
Еден човек загина во планинскиот регион Буковина кога дрво падна врз него. 50-годишниот спортист од Букурешт учествуваше во трка од 88 километри со пријатели. Тој беше на околу 20 километри од целта кога силните ветрови соборија огромно дрво, убивајќи го.
🚨 BREAKING: Severe Storms Batter Broșteni, Romania
Yesterday evening, powerful storms struck Broșteni in Suceava County, Romania, causing widespread disruption and significant damage.
Follow us for more updates @AjantaNews #Romania | #heavyrain | #HeavyRainfall | #HeavyRains… pic.twitter.com/v556iHzT4H
— Ajanta News (@AjantaNews) July 28, 2025
„Бев еден или два километри пред него. Трчаше со уште тројца натпреварувачи. Одеднаш започна страшна бура. Ветерот беше суров, едвај можевме да се држиме на нозете“, рече учесникот во трката Атила, пренесува Realitatea.
Втората жртва е пронајдена утрово во коритото на реката Неагре во градот Броштени, во округот Сучава. Според соопштението од службите за итни случаи на ISU Сучава, спасувачите го забележале безживотното тело додека ги проверувале поплавените подрачја, а високото ниво на вода го отежнало пристапот и евакуацијата.
„Имам 69 години. Доживеав две големи поплави, но никогаш нешто вакво. Водата ми се искачи до половината, уште два сантиметри и ќе влезеше во куќата“, рече жителот на Броштени, Неколај Танаса.
Во погодените подрачја паднаа обилни дождови, а во некои делови беше забележан и град со големина на јајце. Во североисточниот округ Неамц, околу 890 луѓе беа евакуирани поради ненадејното зголемување на нивото на реката Бистрица, кое достигна 390 сантиметри, четириесет над критичното ниво.
Хеликоптерите на SMURD (служби за итна медицинска помош и спасување) и тимовите за цивилна заштита од неколку области, вклучувајќи ги Клуж, Јаши, Муреш, Марамуреш, Салај и Вранчеа, исто така се на терен. Локалните власти предупредуваат дека бурата може да се прошири и во други делови од земјата, а метеоролозите предвидуваат пад на температурата под просекот за овој период од годината.
Фото: принтсрин
Свет
Ле Пен: Договорот со Трамп е фијаско за ЕУ

Француската политичарка Марин Ле Пен го нарече трговскиот договор постигнат од претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „политичко, економско и морално фијаско“.
Во објава на социјалната мрежа „X“, Ле Пен појасни дека го смета за политичко фијаско затоа што „Европската унија, со своите 27 земји-членки, доби полоши услови од Обединетото Кралство“.
Со економско фијаско затоа што „Комисијата прифати асиметрични клаузули што самата Франција, управувана од патриотски извршен орган, никогаш не би ги прифатила“ и морално фијаско затоа што „француските земјоделци повторно беа жртвувани на олтарот на индустриите преку Рајна, со клаузули што нè принудуваат дополнително да отвориме уникатен пазар за американски земјоделски производи во замена за намалување на данокот за извоз на германски автомобили“.
Покрај тоа, Марин Ле Пен напиша дека „глобализацијата што го негира и уништува суверенитетот е застарена со години“, велејќи дека „крајно време е оваа информација да стигне до ушите на Европската комисија“.
Фото: принтскрин
Свет
Русија започна директни комерцијални летови меѓу Москва и Пјонгјанг

Русија вчера воспостави редовна воздушна линија меѓу Москва и Пјонгјанг, што е јасен показател за сè посилните врски меѓу двете земји.
Првиот лет на рускиот превозник Нордвинд полета од московскиот аеродром Шереметјево, носејќи повеќе од 400 патници.
Руското Министерство за транспорт објави дека летовите сега ќе се одвиваат еднаш месечно за да се задоволи побарувачката.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна го посети новото севернокорејско одморалиште Вонсан-Калма, каде што се сретна со лидерот Ким Џонг Ун. Во таа прилика, тој вети дека ќе ги охрабри руските туристи да го посетат комплексот.
Одморалиштето, кое може да прими речиси 20.000 луѓе, е клучен дел од напорите на Ким да го поттикне туризмот за да ѝ помогне на економијата на неговата земја, која се бори со тешкотии.
Северна Кореја постепено ги ублажува строгите мерки воведени за време на пандемијата и постепено ги отвора своите граници. Сепак, властите сè уште официјално не потврдија дали целосно ќе го продолжат меѓународниот туризам.
Редовните летови помеѓу руското пристаниште Владивосток и Пјонгјанг беа обновени во 2023 година, по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Овој потег доаѓа во време кога Русија и Северна Кореја значително ја проширија воената и друга соработка, при што Пјонгјанг ѝ снабдуваше на Москва оружје и војници за поддршка на војната во Украина.
Фото: Принтскрин