Свет
Меркел: Германија нема да вети она што не може да го исполни
Германија нема да го вети она што не може да го исполни кога станува збор за решавањето на должничката криза, но подготвена е решително да ја покаже својата солидарност во одбрана на еврото, изјави во средата во Давос германската канцеларка Ангела Меркел, на отворањето на Светскиот економски форум.
Германија нема да го вети она што не може да го исполни кога станува збор за решавањето на должничката криза, но подготвена е решително да ја покаже својата солидарност во одбрана на еврото, изјави во средата во Давос германската канцеларка Ангела Меркел, на отворањето на Светскиот економски форум.„Од почетокот зборуваме дека сакаме да го одбраниме еврото, но не сакаме да дојдеме во ситуација во којашто ќе мораме да ветиме нешто што нема да бидеме во состојба да го исполниме. Отсекогаш го браневме еврото“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред присутните во Давос.Меркел потсетила дека Германија е најголемата економска сила во Европа, но истакнала и дека тоа не значи дека ова земја може да постапува самоволно. „Кога Германија, на пример, во името на сите други земји членки би ветила нешто што, на пример кога би нѐ нападнале пазарите, не би можела да оствари , би имале реален проблем“, рекла германската канцеларка, додавајќи дека смета оти Германците многупати покажале дека се сериозни кога станува збор за солидарноста и исполнувањето на обврските.Меркел, исто така, рекла дека смета оти постојат структурни слабости во еврозоната, како и голема нерамнотежа во конкурентноста на земјите членки.„Структурните слабости се забележуваат повеќе од избувнувањата на должничката криза пред две години, и тоа мора да се реши. Сведоци сме на сериозен пад на довербата во остатокот од светот кој не е сигурен дали ние нешто ќе преземеме“, изјавила Меркел.Во разговорот со новинарите на шест европски весници, Меркел во Давос меѓу другото рекла и дека мисли оти е „апсурдно да се ветат пари, доколку не се бориме против вистинските причини за кризата“. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

