Контакт

Македонија

Бошкоски реши да се брани со молчење

Објавено пред

Претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, кој денеска седна во судница, реши да се брани со молчење.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, кој денеска седна во судница, реши да се брани со молчење.„Јас подолг период сум во здравствена состојба од која навистина не можам денеска и сега да се бранам.Го користам моето законско право да се бранам со молчење“, рече пред судот Бошкоски.Неговиот адвокат Дончо Наков го праша судот дали до него стигнало известување од затворскиот лекар за да се утврди дали Бошкоски е способен да го следи судењето, бидејќи се наоѓал во депресивна состојба.По добивањето на сознанијата за здравствената состојба на Бошкоски Судот добил известување од психијатар дека обвинетиот е во можност да го следи судењето.Пред судот се појави и сведокот Никола Поп Илиев, кој што бил шеф и организатор на изборната кампања и потписник на сметката на партијата.Тој го потврди исказот даден пред истражниот судија дека бил потписник на сметката, но никогаш не повлекол пари од неа во готово и не вршел плаќање и не договарал рекламирање на партијата во електронски и печатени медиуми.Според него, во партијата имало сметка за донации што ја водел тој, но немало никакви сомнителни донации.Судиката го одложи судскиот процес бидејќи во судницата не беше присутен претставник од партијата Обединети за Македонија. Процесот ќе продолжи на 29 септември.Група членови и симпатизери на Обединети за Македонија(ОМ) денеска се собраа пред Основниот суд Скопје 1, во знак на поддршка на нивниот лидер Љубе Бошковски. Бошкоски се товари за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија во јунските предвремени парламентарни избори и за злоупотреба на службената положба. Осомничен е дека во неколку наврати од донатор примил пари за изборната кампања што не ги пријавил. Полицијата го уапси Бошкоски на 6-ти јуни, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Тогаш во неговото возило беа пронајдени 100.000 евра. Оттогаш Бошкоски, веќе три месеци се наоѓа во притвор во Шуто Оризари. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Герасимовски: Во тек е реновирање на градинката „13 Ноември“, подобрени условите во сите градинки

Објавено пред

Општина Центар информира дека во матичниот објект на ЈОУДГ „13 Ноември“ во тек е реновирање на „Новиот дел“ кој ги опфаќа просторот јасли и долниот кат. Во моментов, се врши молерисување на ѕидовите, а веќе е завршено стругањето и лакирањето на паркетот во занималните и ходниците.

dobivaj vesti na viber

„Молерисувањето ги опфаќа и скалите, влезот, канцелариите, тријажниот простор и чајната кујна. По завршување на оваа фаза, ќе продолжи стругањето и лакирањето и на „стариот дел“ од објектот, каде молерисувањето беше изведено во претходната година. Условите во градинките мора да бидат одраз на грижата што ја имаме кон најмладите. Затоа, вложуваме континуирано во безбедна, функционална и топла средина каде што децата растат среќни, а вработените имаат подобри услови за работа”, потенцира градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, реализирана е набавка на нов мебел за занималните во Матичниот објект, како и набавка на три нови клима-уреди кои ќе бидат монтирани во просториите каде што е најнеопходно.

Во главната кујна на Матичниот објект инсталирана е нова конвекциска печка (со шест нивоа), со што се овозможува побрза и поефикасна подготовка на храна, известува Општината.

Герасимовски, истакнува и дека со цел да се поддржи воспитно-образовниот процес, набавени се наставно-образовни и дидактички материјали според Монтесори програмата, како и игровен материјал за децата од групата јасли.

Овие активности се дел од посветеноста на Општина Центар за континуирано унапредување на условите во детските градинки, се додава во соопштението на Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, извести АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;

· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет2 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет2 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардираше, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет2 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија3 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија12 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија14 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија15 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија19 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ19 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија20 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија21 час

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет21 час

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион23 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа23 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ1 ден

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет1 ден

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа1 ден

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија1 ден

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...