Свет
Во пилотската кабина на авионот на Качински имало непознати лица

Лица кои не биле членови на авионскиот екипаж биле присутни во пилотската кабина (кокпит) на авионот во кој загинаа полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и уште 94-мина кои патуваа со нив.
Лица кои не биле членови на авионскиот екипаж биле присутни во пилотската кабина (кокпит) на авионот во кој загинаа полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и уште 94-мина кои патуваа со нив.
Ова утринава го пренесе ББС наведувајќи дека истрагата го докажала овој факт.
Еден од нив е идентификуван но името не е се уште обелоденето пред јавноста. Истрагата потврди дека екипажот на авионот добил предупредување за лошите временски услови.
„Официјален претставник од воздушната контрола двапати ги предупреди членовите на екипажот дека видливоста се протега до 400 метри и дека не постојат услови за слетување“, рече Алексејj Морозов, претседател на Истражна комисија за авионската несреќа во која загина Качински.
Претседателскиот авион кој се урна на 10 април годинава беше во потполно исправна состојба, пренесе Итар Тасс.
„Истрагата утврди дека не станува збор за терористички напад, ниту пак за пожар, експлозија или дефект на опремата во авионот“, изјави началникот на Меѓудржавниот воздухопловен комитет Татјана Анодина, истакнувајќи дека моторите работеле се додека авионот не удрил во земјата.
Анодина прецизираше дека идентификацијата на гласовите од лица кои не се членови на екипажот уште повеќе е отежната од фактот што вратата на кабината била отворена.
„Еден глас веќе е идентификуван. Полска сега треба да го утврди другиот глас“, изјави Анодина.
Во авионската несреќа која се случи на 10 април 2010 година во Смоленск во Русија, загинаа вкупно 96 лица, вклучувајќи ги полскиот претседател и неговата сопруга. Тие требаше да допатуваат на Комеморација по повод злосторството кое се случило во Катинската шума пролетта 1940 година кога Советската тајна служба стрелале 22.000 полски војници. /крај/ббс/тн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јапонија ќе гради високоавтоматизирани воени бродови за Австралија

Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година – чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам.
Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува на Кралската австралиска морнарица надградени повеќенаменски фрегати од класата Mogami.
Овие високоавтоматизирани воени бродови, дизајнирани за лов на подморници, напад на бродови и противвоздушна одбрана, ќе може да се управуваат со само 90 морнари – помалку од половина од екипажот потребен за сегашните бродови.
Австралија планира да ги распореди новите бродови за одбрана на клучните поморски трговски рути и северните морски подрачја кон Индискиот и Тихиот Океан, каде што Кина сè повеќе ги зголемува својата присутност и активностите.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Свет
Ердоган доаѓа во Киев на покана од Зеленски – набргу нова рунда преговори?

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во наредните денови ќе ја посети украинската престолнина Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува агенцијата Turkiye Gazetesi повикувајќи се на украинскиот амбасадор во Анкара, Нариман Џелјал.
Амбасадорот Џелјал најави дека еден од главните фокуси на средбата ќе биде ратификацијата на договорот за слободна трговија помеѓу Турција и Украина.
Очекувањата се дека разговорите ќе го опфатат и ангажманот на Анкара за мирно решавање на војната во Украина.
По трите претходни рунди преговори што се одржаа во Истанбул, Ердоган изрази оптимизам дека набргу може да се случи нова рунда преговори меѓу Украина и Русија насочена кон ставање крај на конфликтот.
Третата рунда разговори беше одржана на 23 јули во Истанбул. Беше договорена размена на затвореници, но не беше постигнат значаен напредок кон прекин на огнот.
Ердоган неколкупати изјави дека Турција е подготвена да организира средба на високо ниво штом бидат создадени потребните услови. Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би била прва директна средба по 2019 година кога дискутираа за прекин на борбите во источниот регион Донбас.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така потврдил дека би присуствувал на таков состанок доколку до него дојде.
Путин неодамна изрази подготвеност да се сретне со Зеленски, веднаш штом двете делегации ги завршат неопходните подготовки.