Свет
Индија ќе развива нов вид реактори
Русија и Индија се договорија да соработуваат на развојот на нова генерација нуклеарни реактори за нуклеарни електрични централи, соопшти денеска директорот на руското државно претпријатие „Росатом“, Сергеј Киријенко
Договорот е дел од договорот за соработка во областа на нуклеарната технологија, кој во втрникот го потпишаа рускиот претседател Дмитриј Медведев и индискиот премиер Манмохан Синг. Во рамките на овој договор, двете земји се договорија и за заедничка изградба на две нови нуклеарни централи во Индија,. Во Куданкулам и во Тамил Наду. „Овој договор се однесува на соработката во развојот на реактори на брзи неутрони“, рече Сергеј Кириенко и додаде дека двете земји постигнале значителен напредок во таа област. Тој вели и дека заеднички ќе се работи и на друг вид на реактори, кои ќе употребуваат ториумско гориво. „Бидејќи Индија ги поседува најголемите наоѓалишта на ториум во светот, таа е многу погодна за развој на реакторите на брзи неутрони“, заклучи Киријенко.Индија и Русија во вторникот инаку потпишаа 30 договори од областа на одбраната, нуклеарната енергија и вселенската технологија, како и два дополнителни рамковни договори за изградба на двата нови нуклеарни реактори во Индија, соопшти индиската влада.Ова се првичните резултати од дводневната посета на Медведев на Индија, која започна денеска со средба со индискиот премиер Синг. Според индискиот премиер, двете држави се договориле и да ја зајакнат соработката во Авганистан. „Нашето партнерство е посебно и стратешко и ќе продолжи да се засилува, без оглед на односите со другите земји“, рече Синг.„Русија искрено ја подржува кандидатурата на Индија за постојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рече рускиот претседател и додаде дека Русија ја смета Индија за силен и заслужен кандидат за постојана членка на СБ на ОН, ако се донесе одлука за проширување на постојаното членство на Советот. Русија, исто така, го поддржува и влегувањето на Индија Групата на снабдувачи со нуклеарна енергија, во Режимот за контрола на проектилите и во компетентните тела за неширење на вооружувањето, како што е Договорот од Васенар, воспоставен за да го контролира конвенционалното вооружување и технологиите за двојна употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

