Свет
Ослободени шестмината уапсени во Осло по терористичките напади
Норвешката полиција во неделата изврши специјална операција за откривање на можна вмешаност во терористички напад од петокот во Осло, при што беа уапсени шест лица, кои наскоро треба да бидат ослободени поради недостиг од докази, јавува Reuters повикувајќи се полициски извори
Исто така, агенцијата јавува дека во реонот од норвешката престолнина кој беше опфатен со полициската операција во неделата наутро, не биле пронашле никакви експлозивни материјали или други сомнителни предмети. Норвешка полиција во неделата уапси шест лица под сомнение за вмешаност во двата терористички напада што се случија во петокот во кои загинаа 93 лица. Според весникот Dagenblad, полицијата извршила операција во неделата наутро во една мала индустриска зона во близина на станбен реон крај источниот кварт Орволл во норвешката престолнина. „Уапсените беа однесени на сослушување и ослободени. Тие немаат никаква врска со терористичките напади“, изјавил цитираниот претставник на правната служба на норвешката полиција, именуван од Reuters како Фрајденберг. Претходно во неделата шефот на норвешката национална полиција Свеијнунг Споунхеијм соопшти дека осомничениот за терористичките напади од петокот навечер во во кои загинаа според последните податоци најмалку 93 лица а 100-ина се ранети од кои 20 се во критична состојба, Андерс Брејвик тврди дека дејствувал сам и немал соучесници. Според изјавата на еден од локалните жители во населбата каде што се спроведувала акцијата, именуван како Роберт Рикенберг, во зградата каде што се одвивало апсењето живеат емигранти од Источна Европа, кои се занимавале со ремонти на машини. Како извршител на нападот врз кампот на младите поддржувачи на норвешката лабуристичка владејачка партија и на претходната експлозија пред зградата на владата во која загинаа седум лица а 20 се повредени е осомничен 32-годишниот Норвежанец, Андрес Бехринг Брејвик. Тој е посочен како приврзаник на екстремната десница и на христијанскиот фундаментализам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Можеби имам лоши луѓе за односи со јавноста
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, една година по враќањето на власт, на долга прес-конференција ги пофали своите постигнувања, ги критикуваше илегалните имигранти и изрази разочараност што неговата економска порака „не стигнува до Американците“.
Говорот го започна во преполна сала за новинари во Белата куќа, покажувајќи фотографии од, како што ги нарече, „пореметени убијци“ кои, според него, биле уапсени и депортирани од страна на Имиграциската и царинска служба (ICE), особено од Минесота — каде што се одржуваат протести против имграциската политика на владата.
Говорејќи за економијата, рече дека го „исчистил“ федералниот апарат и ги намалил бројките што, според него, биле високи под администрацијата на Џо Бајден. „Ги намаливме значително. Не разбирам… можеби имам лоши луѓе за ПР. Не успеваме да ја пренесеме пораката“, изјави Трамп.
Трамп ја спомена и венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, за која рече дека е „неверојатно љубезна жена“. Иако претходно беше исклучена од неговата стратегија, рече дека повторно се водат разговори со неа: „Многу би сакал да можеме некако да ја вклучиме.“
Трамп се обрати од Белата куќа непосредно пред заминување за Давос, каде што ќе учествува на Светскиот економски форум, каде што се очекува фокусот да биде ставен на неговите пораки и закани поврзани со Гренланд.
Свет
Каја Калас: Додека некои сојузници ѝ вртат грб на Европа, Европа бара нови партнери
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денес во Европскиот парламент го бранеше неодамна потпишаниот трговски договор со Меркосур, нарекувајќи го „геостратешка одлука“.
Во расправата посветена на потребата од мирна демократска транзиција во Венецуела, Калас се осврна на потпишувањето на договорот со Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, земји членки на Меркосур. Членството на Венецуела во овој трговски блок е суспендирано од 2016 година.
„Во момент кога некои сојузници ѝ свртуваат грб на Европа, Европа бара нови сојузници“, рече Калас во Стразбур, пред зградата на Европскиот парламент, каде што денес се одржа голем протест против договорот.
Во саботата, Европската унија и земјите од Меркосур го потпишаа историскиот договор за слободна трговија, кој опфаќа 700 милиони граѓани. Следниот чекор е да се обезбеди поддршка од Европскиот парламент.
Утре пратениците ќе гласаат дали да побараат мислење од Судот на ЕУ за тоа дали договорот е усогласен со европските договори. Доколку предлогот помине, гласањето за потврдување на договорот ќе се одложи сè додека Судот не се изјасни – што може да потрае и до две години. Ако предлогот не помине, Европскиот парламент би можел да гласа уште во февруари.
Свет
САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин
Откако Доналд Трамп повторно ја актуелизираше идејата за купување на Гренланд, во јавноста се појави информација за последната голема територија што САД ја купиле од Данска во 1917 година. Станува збор за Данските Западни Индии, денес познати како Американски Девствени Острови, пишува „Њузвик“.
На социјалните мрежи се посочува дека во рамки на таа територија се наоѓа и островот Литл Сент Џејмс, познат како озлогласениот „остров на Епстин“.
САД ѝ платиле на Данска 25 милиони долари во злато за овие територии, стекнувајќи контрола врз островите Сент Томас, Сент Џон и Сент Кроа. Островот Литл Сент Џејмс бил дел од оваа аквизиција. Подоцна, во 1998 година, го купил починатиот финансиер и педофил Џефри Епстин.
Островот стекна лоша репутација како приватен имот на кој Епстин наводно извршувал сексуални злосторства. Тој стана централна точка во истрагите и граѓанските постапки што следеа по неговото апсење и смрт.
И денес островот е предмет на јавни расправи, а многумина повикуваат на објавување на детални информации за тоа кој и кога го посетувал. Тоа е особено нагласено по неодамнешното објавување на делови од „досиејата на Епстин“, кои фрлија ново светло врз неговата мрежа на контакти и тековните судски постапки.

