Свет
Викиликс- Саудиска Арабија банкомат за терористи
Во доверливите белешки на американската државна секретарка Хилари Клинтон за американските амбасади во земјите од Персискиот залив, кои беа објавени на интернет страницата Викиликс, Саудиска Арабија и другите земји од регионот се опишани како „банкомат за терористи“, пренесува агенцијата Хина.Хилари Клинтон во белешките од декември 2009 година, укажува на неуспехот на земјите од Персискиот залив да го блокираат финансирањето на групите како Ал Каеда, Талибанците и пакистанската Лашкар-е-Таиба, пишува во британскиот весник „Гардиан“.Саудиска Арабија е најголемиот светски извор за финансирање на милитантните групи, но саудиската влада не сака да го запре движењето на тие пари, навела Клинтон.„Мора повеќе да се направи, бидејќи Саудиска Арабија останува клучна база на финансиска поддршка за Ал Каеда, Талибанците, Лашкар-е-Таиба и други терористички групи“, истакнала Клинтон и ги повикала американските дипломати да „ги удвојат напорите“ со цел да се запре протокот на пари од земјите во Заливот до екстремистите во Пакистан и во Авганистан.Уште три арапски земји во белешките се издвојуваат како извори на финансирање на милитанти-Катар, Кувајт и Обединетите Арaпски Емирати./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бебе почина по операција на крајниците: имало интервенција пред само една недела, се истражува причината за смртта
Седуммесечно бебе од Милано било пронајдено починато во креветчето само една недела по тонзилектомија.
Италијанската полиција веднаш почна да утврдува дали операцијата на крајниците, на која бебето било подложено непосредно пред смртта, има врска со смртоносниот исход.
Родителите на 6 мај го пронашле бебето во неговото креветче и веднаш повикале помош, но веќе било доцна.
Медицинскиот персоналнал направил се, за да го реанимира бебето, дури го пренеле во најблиската болница Форнароли во Магента, но не можеле ништо да направат за да го спасат детето.
Момчето починало во истата болница каде што било оперирано пред една недела, а обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за неговата смрт, пренесуваат локалните медиуми.
Европа
Шефицата на германската дипломатија: Руската војна се води на сите нивоа
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека „војната во Русија се води на сите нивоа“, вклучително и блокадата на украинскиот извоз на жито, но и сајбер нападите, не само во Украина, туку и врз германската владејачка Социјалдемократска партија (СДП) и германските компании.
Тоа е неодговорен процес, настан за кој не можеме да молчиме, изјави Аналена Бербок при посетата на Фиџи, пренесува ДПА.
Неодамна беше објавено дека Русија извршила сајбер напади врз СДП и германски компании од секторите на одбраната, авијацијата и информатичката технологија.
Свет
Во просторијата во која требало да се состане полската влада биле пронајдени уреди за прислушување
Полските безбедносни служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата во која денеска треба да се состане министерскиот совет, изјави портпаролот на координаторот на специјалните служби.
Полска, центар на западните воени резерви на Украина додека Киев се бори против руската инвазија, е во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионска активност.
„Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтира уреди што може да се користат за прислушување во просторијата во која денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министрите“, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа „Икс“.
„Службите спроведуваат понатамошни активности во врска со ова прашање“, додаде Добржински.
Вчера, владата соопшти дека истражува дали полски судија, кој имал пристап до доверливи информации и барал политички азил во Белорусија, шпионирал.