Македонија
Лаборатории за рано откривање на бубрежни заболувања
Рано откривање и дијагностицирање на широк спектар на бубрежни заболувања ќе овозможи новата опрема која ја доби Медицинско – биохемиската лабораторија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Рано откривање и дијагностицирање на широк спектар на бубрежни заболувања ќе овозможи новата опрема која ја доби Медицинско – биохемиската лабораторија на Медицинскиот факултет во Скопје.
„Опремувањето на оваа лабораторија се јави како потреба за следење на современите трендови имајќи ги во предвид загрижувачките податоци за зголемениот број на пациенти со вакви заболувања.“, рече Никола Тодоров, министерот за образование и наука кое го реализира овој проект.
Тој додаде дека ова е прва лабораторија од ваков вид во Македонија и ќе биде користена и за едукација на кадри и специјалисти по медицинска биохемија кои во моментов се дефицитар.
Покрај оваа, од денеска е во употреба и новоопремената Биохемиска лабораторија на Клиниката за биохемија, на што присуствуваше и премиерот Никола Груевски.
Како што кажа Никола Тодоров, за опремување на овие две лаборатории потрошени се околу 10 милиони денари од буџетот.
Тодоров рече дека ова се само две од вкупно 189 лаборатории кои ќе бидат опремени во наредниот период а за кои се планирани околу 60 милиони евра../крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

