Свет
Осудениот американски шпион Сутјагин виден во Виена?
Рускиот научник Игор Сутјагин, кого Русија го обвини за шпионажа во полза на САД веројатно е ослободен и е виден во Виена, изјави неговата адвокатка за агенцијата РИА новости
Адвокатаката Ана Ставитскаја додала дека се преговара за неговата евентуална размена во рамките на руско-американската размена на шпиони.Таткото на научникот попладнето добил повик по телефон и му било речено дека Игор Сутјагин е виден како излегува од авион во Виена, каде го пречекал офицер, рекла адвокатката, додавајќи дека нејзиниот клиент, кој е во затвор од 1999 г. а би можел да биде заменет за неодамна обвинетите руски шпиони со САД.Во средата РИА Новости го цитираше Дмитриј Сутјагин, кој изјавил дека неговиот брат Игор го посетиле руски функционери во затворот во Архангелск, и дека на тој состанок биле присутни и американски функционери. Според неговите изјави, Игор Сутјагин рекол дека руските функционери му покажале список со 11 имиња кои ќе бидат вклучени во размената и дека препознал само едно име – на Сергеј Скрипало, полковник на руската војска кој во 2006 г. е осуден на 13 години затвор под обвинение дека шпионирал во полза за Велика Британија.Сутјагин во 2004 г. е осуден на 15 години затвор за давање на податоци од областа на изградбата на атомски подморници од новата генерација, како и за борбената готовност на руското атомско оружје. Истрагата покажала дека за тие податоци Игор Сутјуагин добил 25 илјади долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шолц го блокира испраќањето нов пакет-оружје за Украина
Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска го блокира предлогот за испраќање дополнителен пакет-помош за Украина во форма на оружје, кое се проценува на три милијарди евра, објави денеска „Дер шпигел“.
Планот наводно бил претставен од страна на министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, и министерот за одбрана, Борис Писториус, како сигнал за непоколебливата поддршка на Германија за Украина.
Целта беше да ѝ се обезбедат на Украина клучни системи за оружје вклучувајќи три дополнителни батерии за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите Американски Држави.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.