Македонија
Силен парламент за контрола на власта

Контролната улога на парламентот е од суштинско значење, а само силен и почитуван парламент може да ја контролира власта и да придвижи потребни реформи, порача во понеделник, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
„Само силен и почитуван парламент може да придвижи реформи во една држава и реално да врши контрола врз власта, а контролната улога на парламентите е од суштинско значење и таа не може да се остварува соодветно без постоење на независни регулаторни тела одговорни за заштита на граѓанските права и за контрола на работењето на јавната власт”, рече собранискиот претседател Трајко Вељаноски коj заедно со Европското движење во Македонија ја организираат дводневната Меѓународна конференција на тема „Европската интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во Југоисточна Европа”.
Вељаноски смета дека губи целата земја која собранието ќе стане обична алатка за груба меѓусебна политичка пресметка.
„Секоја држава минува низ периоди на демократски искушенија, па затоа мораме да бидеме целосно јасни во оној момент кога Парламентот ќе стане обична алатка за груба меѓусебна политичка пресметка губи целата земја. Во тој тажен момент на поткопување на основниот столб на демократијата и поредокот најмногу се изневеруваат граѓаните. Тогаш се доведува во прашање смислата на изборната компетитивноста и на политичката коректност, а конструктивноста станува мисловна именка”, рече Вељаноски.
Eвроамбасадорот Аиво Орав смета дека Парламентот има важна улога во секоја земја, без разлика дали е во ЕУ или не.
„Во тој контекст го поздравувам враќањето на опозицијата во Парламентот, учеството на локалните избори како резултати на договорот од 1 март и се надевам дека сите негови одредби ќе бидат имплементирани што е можно поскоро, а ова пред се се однесува на востановување анкетна комисија за случувањата од 24 декември и потпишување на меморандум за разбирање”, рече Орав.
„Платформите за регионален дијалог ќе ви овозможат мрежа од лекции и искуства за да учите од другите кои се соочувале со слични предизвици, а тоа го овозможува Процесот на соработка во ЈИЕ”, изјави американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.
Тој повтори дека владата на САД останува посветена да и помогне на Македонија во овој процес.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими рече дека работата врз пристапувањето на Македонија кон ЕУ не е должност само на Владата, бидејќи, според него, патот на европските интеграции не може да се изоди без активно учество и поддршка на сите политички актери./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.