Економија
Се зголемува продажбата на мебел преку саемите

Саемите за мебел им ја подобруваат продажбата и заработувачката на фирмите кои произведуваат мебел и активно учествуваат во ваквите саеми.
Саемите за мебел им ја подобруваат продажбата и заработувачката на фирмите кои произведуваат мебел и активно учествуваат во ваквите саеми.
Во моменти на економска криза загрозени се и производителите на мебел токму во овој кризен момент Саемот за мебел во Скопје излегува во пресрет за нив за да можат да ги промовираат своите нови и ексклузивни производи.
„На овој саем ќе ги претставиме најновите колекции кои ги пласираме за извоз, имаме класични гарнитури, комплетно модерни гарнитури, прочистени дизајни“, изјави Јасмина Трајковска, архитектка во „Симпо“ која вели дека кризата им влијае на продажбата но тие ја дочекале подготвени.
„Спремни бевме за кризата, формиравме една економична акција во која произведувавме поедноставни модели со попристојни цени кои одговараат на македонскиот и балканскиот стандард“, вели Трајковска и додава дека Саемот за мебел секогаш ја зголемува продажбата бидејќи тие како фирма секогаш излегуваат со ексклузивни модели на саемите.
Директорот на фирмата „Техно КООП“ Тони Божиновски вели дека имаат нови модели за презентирање кои ги направиле специјално за саемот и очекуваат да се подобри кризната ситуација.
„Се надеваме дека саемов ќе ја придвижи гранката и ќе се подобри финансиската состојба, минатата година помина добро па очекуваме истото да се случи и оваа година“, изјави директорот на „Техно КООП“ Божиновски./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.