Свет
Куба го слави 85. роденден на Фидел Кастро
Куба уште во вторникот започна да го слави денешниот 85. роденден на Фидел Кастро, со организирање концерти, балетски претстави и изложби.
Куба уште во вторникот започна да го слави денешниот 85. роденден на Фидел Кастро, со организирање концерти, балетски претстави и изложби.
Синоќа беше одржан и гала концерт „Песна на лојалноста“ во Хавана кој го следеа 5.000 луѓе, но Кастро не присуствуваше.
Фидел Кастро ја водеше Куба 50 години, во 2006 година поради здравствени проблеми власта ја препушти на својот помлад брат Раул.
Иако се повелче од власта, тој и натаму игра важна улога како консултант на својот брат, напоменува АФП.
Кастро многу ретко се појавува во јавност, а времето го поминува во пишување книги и новинарски колумни за разни меѓународни прашања.
На прашањето, што ќе се случи по неговата смрт, приврзаниците велат дека тоа ќе биде „историска смрт“, пренесува АФП.
Кастро е роден на 13. август 1926 година, од татко Шпанец и мајка Кубанка, тој стана херој на кубанската револуција кога во 1959. година кога Фулгенцио Батиста беше соборен од власта.
Фидел Кастро, комунистичка икона од средината на Студената војна, анти-американски и анти-империјалистички лидер, поддржувачите го сметаат за голем револуционер, додека кртичарите за безмилосен диктатор. /крај/сарајево-х/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

