Македонија
Македонија очекува најмалку 11 млн. евра од лицитација на земјиште

Средства во износ од најмалку 11 милиони евра се очекува да прибере Македонија со постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште
Средства во износ од најмалку 11 милиони евра се очекува да прибере Македонија со постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште сопственост на државата.
Ова го соопшти денеска Министерството за транспорт и врски, додавајќи дека проценката е направена врз пресметка на почетните цени на околу 160 локации, што се предмет на јавно наддавање
Притоа треба да се има предвид дека локациите ќе бидат отуѓувани по пат на лицитација, каде почетната цена неколкукратно се зголемува преку чекорно наддавање.
Станува збор за локации кои согласно деталните урбанистички планови се наменети за изградба на бензински пумпи, угостителски објекти, хотели, производни објекти, катни гаражи, станбени згради, комерцијални и деловни објекти.
Министерството за транспорт и врски денеска го распиша првиот јавен повик со кој се повикуваат заинтересираните компании да учествуваат во јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено земјиште, покрај Охридско езеро.
Земјиштето е со вкупна површина од 15.877.00 м², а е предвидено со урбанистички план со намена за изградба на хотел.
Почетна цена на јавното наддавање изнесува 9.500 денари од метар квадратен, а јавното наддавање ќе се одржи на ден 25.06.2009 година.
Со цел анимирање на потенцијалните инвеститори и нивно информирање за тековната објава, Министерството испрати дописи до сите амбасади, како и до економските промотори на Македонија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.