Свет
Во светот има 12 милиони робови
Специјалниот известувач на Светската организација за модерни форми на ропство, Гулнар Шакиниан предупреди пред Советот за човекови права на ОН дека ропството сеуште не е дел од минатото и во светот има повеќе од 12 милиони робови.
Специјалниот известувач на Светската организација за модерни форми на ропство, Гулнар Шакиниан предупреди пред Советот за човекови права на ОН дека ропството сеуште не е дел од минатото и во светот има повеќе од 12 милиони робови. „Сите форми на ропство се официјално укинати според обврските на земјите членки на ОН со утврдената конвенција од 1956 година, но 54 години подоцна тоа ветување сеуште не е исполнето, подвлекла таа во извештајот во ОН, пренесува радио Дојче веле. Според податоците на невладината организација „Антислејвери интернешнл“, најстарата светска организација за човекови права основана во 1839 година, ваков статус низ светот имаат дури 27 милиони луѓе, од кои најголем број се деца и млади./крај/дв/бл/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден: Втората фаза од договорот меѓу Ирзаел и Хамас води кон траен крај на војната
Претседателот на САД, Џо Бајден официјално го објави постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и постепеното ослободување на заложниците и палестинските затвореници.
„Ова е многу добро попладне, бидејќи конечно можам да објавам поститнување на прекин на огнот и договор за заложниците меѓу Израел и Хамас по повеќе од 15 месеци конфликт што започна со бруталниот масакр на Хезболах 7-ми октомври“, рече Бајден, погрешно наведувајќи која група го почна нападот на 7 октомври 2023 година, пренесе „Си-ен-ен“.
Тој додаде: „Повеќе од 15 месеци терор за заложниците, нивните семејства, израелскиот народ. Повеќе од 15 месеци страдање на невиниот народ во Газа. Борбите во Газа ќе престанат. И наскоро заложниците ќе се вратат дома кај нивните семејства“.
Претседателот Џо Бајден објасни дека преговорите ќе одат подалеку од привремениот прекин на огнот до втората фаза од договорот што може да вклучи траен крај на војната.
„Во текот на следните шест недели, Израел ќе преговара за втората фаза, што е траен крај на војната. Дозволете ми да повторам: траен крај на војната“, рече Бајден.
„Постојат голем број детали за преговарање, за преминување од првата фаза во втората фаза. Но според планот ако преговорите траат подолго од шест недели, прекинот на огнот ќе продолжи се додека траат преговорите“, додаде тој.
Бајден, исто така, потврди дека Американците ќе бидат дел од ослободувањето на заложници во првата фаза.
Според договорот, Хамас и неговите сојузнички милитантни групи се очекува да ослободат 33 израелски заложници заробени за време на нападите на 7 октомври 2023 година со што почна војната.
За возврат, Израел ќе ослободи стотици палестински затвореници и, според Бајден, „Палестинците исто така можат да се вратат во своите населби во сите области на Газа и ќе започне напливот на хуманитарна помош во Газа“.
Во потенцијалната трета фаза од договорот, телата на убиените заложници ќе бидат вратени на нивните семејства и ќе започне голем план за реконструкција на Газа, рече Бајден.
Прес-конференцијата на Бајден во Белата куќа, придружуван од потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен, започна додека премиерот на Катар потврдуваше дека е постигнат договор кој ќе стапи во сила в недела, на 19 јануари.
Свет
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер
Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари, рече тој.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот, која ќе трае 42 дена, ќе вклучува ослободување на 33 израелски затвореници, вклучувајќи жени, деца, постари лица и цивили кои се ранети или болни. За возврат, Израел ќе ослободи одреден број затвореници кои се чуваат во израелските затвори, додаде тој.
Фазата ќе вклучува враќање на раселените лица во нивните домови и ќе овозможи патување на ранетите и болните лица за да добијат медицинска помош.
Првата фаза ќе обезбеди и зголемен пристап до хуманитарна и друга помош до сите делови на Појасот Газа, како и реконструкција на болници, здравствени центри и пекари. Исто така, ќе се овозможи влез на гориво, опрема за цивилна заштита и основни потреби за раселените лица кои ги загубија своите домови за време на војната.
Што се однесува до втората и третата фаза, тој рече дека деталите ќе бидат финализирани откако првата фаза ќе биде успешно имплементирана.
Свет
(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира
Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците кои допрва треба да се финализираат, објави „Тајмс оф Израел“.
Израел се надева дека „деталите ќе бидат финализирани вечерва“, велат од кабинетот на Нетанјаху.
Откако на помеѓу медиуми, меѓу кои „Си-ен-ен“, „Ројтерс“, „Тајмс од Израел“, попладнево одекна веста дека е постигант договор помеѓу Израел и Хамас почна славје на улиците во Тел Авив и Газа.
Celebrations erupt in Gaza’s streets after the ceasefire deal is reached.#Gaza #Hamas #GazaCeasefirepic.twitter.com/7RCQBW1Arm
— Muslim Voice (@MuslimVoice_eng) January 15, 2025
ख़ैबर ख़ैबर या यहूद
जैश-ए-मोह़म्मद सूफ यऊदगज्जा की जंगबन्दी पर गज्जा वासियों की ख़ुशी. #Gaza
pic.twitter.com/K8kHsx8Cpz— Tarique Anwar Champarni (@Champarni_Tariq) January 15, 2025
Веста за примирјето кусо по објавата ја потврди и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.