Контакт

Свет

Филипинците најрелигиозни, Скандинавците најмалку веруваат во Бога

Објавено пред

Филипинците се најрелигиозната нација на светот, спротивно, пак, на жителите на Скандинавија или на поранешните држави од ткн Источен блок, пишува во американската студија објавена во средата, во којашто се потцртува дека со стареењето луѓето повеќе веруваат во Господ.

dobivaj vesti na viber

Земјите во коишто најмногу се верува во Господ, најчесто се католички, особено земјите во развој. На нив се надоврзуваат САД, Израел и Кипар, се наведува во извештајот на универзитетот во Чикаго кој ја изготвил студијата со наслов „Верувањето над времето и земјите“, коешто се темели на меѓународни студии направени во 30 земји во 1991, 1998 и 2008 година.

Околу 94 отсто од Филипинците „отсекогаш“ биле религиозни, следат Чилеанците со 88 и Американците со 81 отсто. Спротивно на нив, само 13 отсто Германци од поранешната комунистичка Источна Германија и 20 отсто Чеси се изјасниле дека секогаш верувале во Господ.

Според оваа студија, најатеистички земји се скандинавските и земјите од поранешниот источен лагер, освен Полска. Со најголем процент атеисти се Германците од поранешниот ГДР (Источна Германија) со 59 отсто коишто никогаш не верувале во Господ. Во пост-комунистичките земји верувањето во Бога е во пад насекаде, освен во Русија и Словенија, како и во Израел.

Верата е посилна кај повозрасните лица, забележуваат авторите на студијата. Така, просечно 43 отсто лица на 68-годишна возраст и постари, сигурни се во постоењето на Господ, наспроти 23 отсто коишто се на возраст од 23 години и помлади./крај/афп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Објавено пред

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.

Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.

Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Губам трпение со Путин

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.

Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

Објавено пред

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.

dobivaj vesti na viber

Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.

Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.

Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.

Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет49 минути

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ4 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија4 часа

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија5 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ5 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија8 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа10 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет10 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет11 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет11 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет11 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион19 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа20 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет23 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет1 ден

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија1 ден

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија1 ден

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија1 ден

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...