Македонија
АРМ со најостра осуда за разбојништвата на капетанот
Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ најостро го осудија криминалот на нивниот вработен со чин капетан.
Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ најостро го осудија криминалот на нивниот вработен со чин капетан.
„Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ во оваа прилика најостро го осудуваат чинот на извршеното дело, со кое е нанесена огромна штета на угледот на двете институции. Врз основа на податоците кои ги поседуваме, стручните служби на МО и ГШ на АРМ максимално соработуваат со истражните органи во расветлување на овој случај“ се вели во соопштението од АРМ.
МВР синоќа го уапси дваесет и деветгодишниот Гоце Смилески, под сомнение дека во два наврати ја ограбил експозитурата на Комерцијална банка во Кисела вода.
При грабежите го користел службениот пиштол. Смилески утрово беше изведено пред истражен судија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

