Свет
Двете палестински фракции на чекор до помирување
Спротивставените палестински фракции Хамас и Фатах соопштија дека се договориле за чекорите кои ќе се преземат за да се завршат внатрепалестинските поделби и да се подели власта, но до конечното потпишување на договорот во Каиро ќе има уште преговори
Двете фракции беа жестоко спротивставени откако борците на Хамас насилно ја преземаа контролата врз Појасот Газа во 2007 година, по што претседателот на палестинските автономни области го контролира само Западниот брег. Помирувањето помеѓу нив е важно затоа што на Палестинците им е потребно заедништво при новите мировни преговори со Израел. Милитантите од Хамас му се спротивставуваат на каков и да е договор со Израел и се заканија дека ќе ги попречат преговорите со бран од насилство. До договорот дојде по четиричасовната средба во престолнинатга на Сирија, Дамаск, меѓу делегациите на Хамас, предводени од лидерот Калед Машаал и високиот функционер на Хамас, Азам ал-Ахмад, пишува Assocaited Press. Во заедничкото соопштение објавено по разговорите се вели дека двете страни постигнале разбирање за „најголемиот дел од точките кои ги разделуваа“, без да се дадат детаљи. Главни точки на раздор меѓу фракциите беа контролата на палестинските безбедносни сили и датум на одржување на парламентарните и претседателските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

