Свет
По Медитеранот лани пловеле 45 илјади мигранти
Бројот на мигрантите кои минатата година се обидувале преку Средоземното море да стигнат до Европа е најголем во последните шест години, пренесува Al Jazeera. За време на минатата година загинале скоро 700 лица кои се обидувале да стигнат до италијанско тло, додека во 2011 година смртно настрадале 2.300 лица, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.
За време на последните 20 години загинале скоро 20 илјади луѓе, а според податоците на Меѓународната организација за миграција, близу 45 илјади мигранти минатата година го ризикувале својот живот, преку Средоземното море да стигнат до Италија и Малта.
„Оваа бројка е најголема од 2008 година па наваму, вклучувајќи ја и 2011 година и кризата во Либија“, изјавил портпаролот на организацијата.
Скоро 42.900 илегални имигранти стигнале во Италија, а отприлика 2.800 на Малта. Меѓу имигрантите кои стигнале во Италија имало скоро 5.400 жени и скоро 8.300 малолетници, од кои скоро 5.200 тргнале сами, без нивните родители.
Поголем број од имигрантите, околу 4.700, стигнале на италијанскиот остров Лампедуза, а скоро 14.300 на брегот во близина на Сиракуза.
„Податоците за миграцијата во Италија покажуваат дека има се повеќе луѓе ко бегаат од војната и репресивните режими“, изјавил Хозе Ангел Оропоза, директор на канцеларијата за соработка на Меѓународната организација за Медитеранот.
Тој изјавил дека поголем дел од мигрантите од Сирија, Еритреја и Сомалија, биле присилени да ја напуштат земјата, што според италијанските закони, предвидува заштита за овие лица./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

