Свет
Русија не е поврзана со наводниот воен преврат во Грузија

Дека Руската федерација е замешана во обидот за воен преврат во Грузија претставува налудничава бесмислица вели извор од руските специјални служби за ИТАР-ТАСС
“Ова е блебетење и агонија на режимот на Саакашвили, други зборови едноставно нема“, вели соговорникот на агенцијата за информациите од Грузија. Грузиското Министерство за внатрешни работи, како што претходно пренесоа агенциите, тврди дека открило заговор за воен преврат во земјата и ја обвини Русија за соучесништво. “Податоците покажуваат дека заговорот е организиран од поранешни високопозиционирани воени лица,“ изјави Шота Утиашвили, портпарол на грузиското МВР. Имено, во базата Мухровани, воени лица објавија непослушност и организираа бунт, кој беше окарактеризиран како обид за воен прерат помогнат од Русија, од грузиските власти. “Денеска за време на одморот, воени лица од тенковскиот баталјон во базата Мухровани, што се наоѓа на 30 километри од Тбилиси, објавија непослушност и организираа бунт,“ изјави Давид Сихарулидзе, министер за одбрана на Грузија, пренесува ИТАР-ТАСС. Тој соопшти дека во базата има надворешни лица, вклучувајќи и цивили. Сите команданти, замешани во бунтот, се симнати од должноста. Претставници на грузиските власти преговараат со учесниците во превратот и настојуваат бунтот да биде прекинат. Превратниците не поставуваат конкретни барања, како што соопштува министерот, пренува ИТАР-ТАСС. Министерот за одбрана е во базата Мухровани и прави обид лично да преговара со старешните, но не успеал да влезе во објектот. “Бунтовниците јавно го усогласиле својот со планот на Русија, а тој предвидува минимум да се спречи воената вежба на НАТО во Грузија, а максимум да се изведе воен преврат,“ рече портпаролот на МВР на Грузија. Натовската вежба Кооператив лонгбов-09 (Кооперативен лансер-09) е закажана за 6 мај и треба да трае до 1 јуни. Штом вежбата беше најавена, Русија ја оцени како „отворена провокација, која може да има негативни последици“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ за навредите кон Вучиќ: Во последните 72 часа видовме сè, омраза кон еден човек, желби и надежи дека ќе умре

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, зборуваше за навредите упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
У последњих 72 сата смо видели све – непатворену мржњу према једном човеку, жеље и надања да ће умрети (што пре), салве увреда на његов рачун, као и на рачун његове породице (поново), покушаје да му се уништи живот, како професионални, тако и приватни (најбоље и професионални и…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) May 5, 2025
„Во последните 72 часа видовме сè -омраза кон човек, желби и надежи дека ќе умре (што поскоро), навреди на негова сметка, како и на сметка на неговото семејство (повторно), обиди да му го уништат животот, професионален и приватен. Не бираа ниту средства, ниту зборови и не ги интересираше исходот ниту за Србија, ниту за него самиот, или за неговото семејство. Единствена цел, како и секогаш, беше да му наштетат, да го повредат и омаловажат, да му направат некоја мизерна пакост. И веќе со години тоа е нивната цел, но со години не успеваат во тоа затоа што народот ја цени неговата работа, неговата борба, неговата посветеност и љубов кон Србија.
Се што се обидуваа да му направат во изминатите 13 години беше собрано во изминатите 72 часа. И повторно тој ќе победи, како што ќе победи и Србија. Нетрпеливо чекам да дојде среда навечер, кога сите тие мали, палави души ќе бидат заглавени во место. Само напред, претседателе“, објави Брнабиќ.
Свет
Нетанјаху најави интензивна офанзива во Газа: „Хамас ќе биде поразен“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Појасот Газа ќе биде интензивна воена операција насочена кон пораз на Хамас.
„Населението ќе биде преместено за нивна заштита“, рече Нетанјаху во видео објавено на мрежата „Икс“.
Израелскиот премиер додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа, да започнат напади, а потоа да се повлечат.
„Намерата е спротивна од тоа“, нагласи Нетанјаху.
Тој не објасни детално колку од територијата на енклавата ќе биде окупирана.
Свет
(Видео) Димна бомба фрлена врз премиерите на две европски земји: итно беа евакуирани

Димна бомба беше фрлена врз премиерите на Холандија и Полска, Дик Шуф и Доналд Туск, додека тие зборуваа на комеморативен настан во градот Вагенинген.
На прославата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Холандија, полскиот премиер Доналд Туск се најде во центарот на инцидент кога беше фрлена во негов правец димна бомба за време на церемонијата, непосредно пред да го запали симболичниот „пламен на ослободувањето“.
W TVNie już mówią że przeżył 😂😂😂😂😂
Tusk dostał racą ‼️szkoda że tylko racą? i niech w łeb Ale skurwiela kochają nie tylko w Polsce 😂😂😂😂 Szybko go zabrali do schronu😂 pic.twitter.com/OtnvSltQ9y
— 🇵🇱Bon Scott🇵🇱 (@callofkosa) May 5, 2025
Со него на сцената беше неговиот холандски колега Дик Шуф.
За време на церемонијата, запаливата направа падна пред нозете на полскиот премиер, фрлен од некој во толпата, од кои некои држеа транспаренти со кои беше критикувана војната во Појасот Газа. Туск веднаш беше отстранет од сцената.
Според светските медиуми, овој инцидент можеби бил насочен против полскиот премиер.
Во исто време, за време на претходниот дел од церемонијата, кога зборуваше холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, некои луѓе извикуваа пропалестински слогани.
Холандските медиуми објавија информации за пет апсења.