Свет
Во престрелка со армијата убиен мексиканскиот нарко-бос Езекиел Карденас
Еден од најголемите мексикански наркобарони Езекиел Карденас е убиен во петокот за време на престрелка со полицијата во градот Матаморос на границата со американската држава Тексас, јавува Reuters повикувајќи се на локалнaта телевизиска станица Milenio
Езекиел Карденас Џулиен познат и како Тони Торента беше еден од најголемите наркобарони во Мексико по апсењето и екстрадиција во САД во 2007 г., на неговиот брат, поранешниот лидер на Заливскиот (Голфски) мексикански наркокартел, Озиел Карденас.Претставници на мексиканската армија ја потврдиле смртта на Езекиел Карденас, но не се објавени детали со судирот меѓу војската и припадниците на неговиот картел.Agence France Ppresse пишува дека во операцијата за апсење на Езекиел Карденас учествувале 150 припадници на елитните единици на мексиканската војска, кои во сојузната држава Тамаулипас во североисточниот дел во земјата, во градот Матаморос на самата граница со САД воделе вистинска повеќечасовна војна со припадниците на Заливскиот наркокартел.Притоа се наведува дека во престрелката загинал и еден новинар од дневен весник. Карлос Алберто Гуахардо Ромеро кој ја следел операцијата за локалниот весник El Expresо е 12-от професионален новинар убиен оваа година во Мексико, каде во врска со војните на наркокартелите од 2000 г. досега се убиени повеќе од 70 новинари. За апсењето на Езекил Карденас по апсењето на неговиот брат Озиел Карденас во 2003 г. кој во 2007 г. им беше предаден на САД, Вашингтон нудеше награда од пет милиони долари а мексиканската влада 2,5 милиони долари. Сојузната држава Тамаулипас е центар на судирите на ривалските – Заливскиот картел и на картелот Зетас кои се борат за контрола над трговијата со дрога на богатиот американски пазар, првиот светски потрошувач на кокаин. Експертите проценуваат дека секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесува дрога во вредност од околу 40 милијарди долари.Во војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Во 2006 г. претседателот Фелипе Калдерон ја ангажираше и армјата со 60 илјади припадници, во запирање на крвопролевањата. Но тоа не помогна, туку и полцајците и војниците и нивните семејства станаа цели на бруталните банди Во војната од 2006 г. досега во пресметките во Мексико се убиени околу 28 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон по доаѓањето на власт во 2006 г., и објави војна на организираниот криминал и трговците со дрога. Со оглед на широко распространетата корупција меѓу владините претставници и полицијата за борба против трговијата со дрога Калдерон беше принуден да отвори широк фронт, па во областите што се граничат со САД испратија 60-те илјади војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

