Македонија
Пратениците ќе поддржат закон за менување на државниот грб
Пратеничките групи на политичките партии во Собранието, денеска потврдија дека ќе го поддржат законот со кој со одлука на Владата ќе се избрише црвената петокрака од државниот грб на Македонија
Сите пратенички групи и оние од власта и оние од опозицијата се изјаснија за поддршка на менувањето на државниот грб што го предложи Владата на вчерашната седница, освен пратеничката група на Нова Демократија на Имер Селмани.
„Ние како Нова демократија би предложиле промена на грбот, но доколку тоа ја одразува мултиетничноста на државата. Не сме за козметички измени“, рече пратеникот Сулејман Рушити.
На социјалдемократите им смета единствено што народот, граѓаните не биле вклучени во процесот на менување на државното обележје, пред да биде донесена одлуката на Владата, но најавија поддршка на бришењето на црвената петокрака од државниот грб.
„Ова не е грб на Никола Груевски и на Али Ахмети, ова е грб на Република Македонија, ова е грб на граѓаните на Република Македонија“, рече во Собранието, пратеничката на опозициската СДСМ, Цветанка Иванова.
Од најголемата партија во опозиција очекуваат политички дијалог и јавна дебата при процедурата на носење на законот во Собранието.
Либералните демократи ја поздравија иницијативата за измена на државниот грб затоа што како што рече пратеничката Топузова-Каревска, ЛДП уште минатата година јавно го предлагала истото, од говорница во Собранието.
„Ние сме меѓу последните од земји од социјалистичкиот блок којшто не собравме сили да ја смениме петокраката многу години“, рече Роза Топувова-Каревска.
Од ДУИ сметаат дека е добро што петокраката повеќе нема да биде на државниот грб, но не сакаа да коментираат зошто се откажале од нивните барања од пред неколку години, грбот да ја отсликува мултиетничноста во Македонија.
„Тоа е општоприфтлива и реална состојба во државата, без разлика што можеби не ги отсликува етничките реалности во државата. Наша констатација е дека нема доминантни етнички елементи на која и да е националност во македонската држава“, изјави Сафет Незири, пратеник на владејачката ДУИ.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата од Владата на Република Македонија во Собранието да се донесе закон со кој ќе се отстрани симболот од претходниот режим, петокраката од државниот грб“, изјави пратеникот од владејачката партија Илија Димовски.
Според Димовски, овој предлог е прифатлив, ненавредлив и рационален предлог до зачленувањето во ЕУ и дека во целост ги задоволува потребите и стандардите.ВМРО- Народна го предлага Земскиот грб од 1620 годинаОд ВМРО-Народна денеска излегоа со предлог за потполно менување на државното обележје, поточно да се замени постоечкиот со земскиот грб од 1620 година. За таа цел, од вторник, ќе почнат со собирање 10.000 граѓански потписи, по што предлог-законот ќе биде доставен и во Собранието. Од партиите во Собранието денеска никој немаше коментар на нивната најава, затоа што велат дека не го виделе предлогот и немаат за што да разговараат. Бидејќи нема нов официјално предложен облик на државниот грб, Топузова-Каревска од ЛДП не сакаше да коментира дали нешто е прифатливо или не.
Според Сафет Незири од ДУИ, партијата ќе следи каква иницијатива ќе има во иднина, а според него постојат експерти, хералдичари, историчари кои ќе се занимаваат со тоа прашање. Како што кажа, Незири, ДУИ е отворена за предлози и нивно разгледување.
Во наредниот период треба да се променат таблите на државните институции, што според ВМРО-ДПМНЕ нема да биде голем трошок за државата. Личните документи на граѓаните, пак, ќе се менуваат по нивното истекување, најави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

