Свет
Бројот на мртвите од колера во Хаити достигна 1.721
Бројот на мртвите од колерата во Хаити се искачи на 1.721 човек, соопшти Министерството за здравство на Хаити и додаде дека напорите за ставање под контрола на болеста продолжуваат, пренесува Риа НовостиИзвештајот излезе еден ден откако Хаиќаните излегоа да гласаат на претседателските избори, за кои опозицијата тврди дека биле измама.Вкупно 75.888 луѓе се заразени од оваа болест од нејзиното појавување во средината на октомври. Регионот Артибоните, каде што има 750 смртни случаи и натаму е најпогоден од епидемијата, а во престолнината Порт-о-Пренс до сега умреле 162 луѓе. Според ОН, на Хаити, кое се уште заздравува од катастрофалниот земјотрес во јануари годинава, во кој загинаа преку 250.000 луѓе, му се потребни 160 милиони долари помош во текот на идната година, за успешно да се справи со епидемијата на смртоносната болест./крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

