Свет
Државната каса покуса за пет милијарди евра

Во последните 15 години државата е ограбена за повеќе од пет милијарди евра. Ова е заклучокот на вчера промовираниот проект за декриминализација „Војна против криминалот“ кој го изработи Демократскиот сојуз (ДС)
Во последните 15 години државата е ограбена за повеќе од пет милијарди евра. Ова е заклучокот на вчера промовираниот проект за декриминализација „Војна против криминалот“ кој го изработи Демократскиот сојуз (ДС)
Во последните 15 години државата е ограбена за повеќе од пет милијарди евра, а тоа е сторено преку криминалната приватизација, продажбата на фирми на наводно стратешки странски компании, со наместени тендери и непосредни спогодби за продажба на градежно земјиште, а и со шверц со акцизна стока. Ова е заклучокот на вчера промовираниот проект за декриминализација „Војна против криминалот“ кој го изработи Демократскиот сојуз (ДС).
Според лидерот на ДС Павле Трајанов, грабежот е направен преку спрегата на криминалното бизнис-лоби и политичкиот естаблишмент. Како резултат на тоа во државата се устоличија триесетина олигарси, кои влијаат врз политичките одлуки на штета на економскиот развој.
– Во грабежот на многу фирми главна улога имаа партиските банки. Денес една партиска банка го спречува влегувањето на реномирани странски банки во земјава и е сопирачка на економскиот развој. Лесно е да се биде банкар во монополистичка состојба и да се работи со 18 отсто камата. Како што е лесно и да се биде и бизнисмен кога зад вас стои власта – изјави Трајанов.
Тој рече дека проектот ќе биде успешен само ако „криминалците од зградата на Владата се дислоцираат во затворот ‘Идризово’“.
Според лидерката на Демократската обнова за развој Лилјана Поповска, парите стекнати преку криминал треба да и’ се вратат на државата и да се стават во функција на економскиот развој, што ќе овозможи вработување на стотиците илјади невработени. (М.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.