Свет
Убиени десет цивили Авганистан
Најмалку шест цивили се убиени при ракетен напад и уште четворица од крајпатна бомба денеска во Авганистан, соопштија локални функционери, пренесува Associated Press
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ракета која ја испукале исламските милитанти погодила возило кое пренесувало цивили во областа Јани Кел во источната провинција Пактика. Една жена и две деца се меѓу загинатите.Од канцеларијата на гувернерот на провинцијата Забул, пак, соопштија дека група цивили со своето возило налетале на крајпатна бомба, при што загинале четворица од нив.Во Авганистан речиси секојдневно гинат цивили од крајпатни бомби и од други видови на насилство. Според извештајот на ОН, повеќе од 1.200 цивили се убиени и речиси 2.000 се ранети во периодот помеѓу јануари и јуни годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарец се држел помеѓу вагони од воз кој се движел со брзина од 282 километри на час
Маж бил на надворешната страна на вагон за брз воз во Германија кој возел со брзина до 282 километри на час и поминал без повреди, соопшти вчера полицијата.
40-годишен унгарски државјанин во четвртокот без билет се качил во воз за северниот крајбрежен град Либек во Минхен. Но, полицијата тврди дека тоа не била причината за ризичниот потфат.
Кога возот застанал на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен, патникот се симнал од возот за да запали цигара.
Кога сфатил дека вратите се затворени и возот тргнал, скокнал на спојката помеѓу двата вагони и се држел за каблите додека возот забрзувал до 282 километри на час, соопшти полицијата.
Набљудувачите од платформата повикале полиција околу 15 часот. Машиновозачот го запрел возот во градот Киндинг, триесетина километри северно од Инголштад, каде мажот бил уапсен.
Тој и рекол на полицијата дека скокнал во возот бидејќи неговиот багаж се уште бил внатре. Човекот изненадувачки не е повреден во инцидентот опасен по живот, изјави портпаролот на федералната полиција.
Тој сега е под истрага затоа што не купил билет. Се соочува и со обвинение за нарушувачко однесување, што се смета само за прекршок.
Свет
Американка отишла да си ја продолжи возачката дозвола, дознала дека е прогласена за мртва
Американката Никол Паулино открила дека е регистрирана како почината, што се одразило на квалитетот на нејзиниот живот. Паулино е од Гајтерсбург, Мериленд, а грешката ја открила додека се обидувала да ја обнови возачката дозвола, пренесува „Скај њуз“. Таа се чувствувала исплашена и изненадена кога системот за управување со моторни возила и покажал порака дека е официјално мртва.
„Изгледа дека умрев. Нема да лажам, бев малку исплашена и изненадена, со оглед на тоа дека сум жива. Тука сум”, рекла таа. Официјалните лица потоа ја известиле Никол Паулино дека не може да ја обнови возачката дозвола, по што добила писмо од Службата за внатрешни приходи на САД (IRS), во кое ја опишуваат како почината даночна обврзничка. Здравственото осигурување за неа и за нејзините три деца било откажано, што довело до зголемување на медицинските сметки и спреченост да го набави инхалаторот што ѝ бил потребен за лекување на астмата.
„Ова сериозно ми го наруши животот. Имаше огромно влијание врз мене и моето ментално здравје“, додаде таа. Потоа добила повик од службеник на Управата за социјално осигурување, кој и рекол дека грешката се должи на печатна грешка.
Имено, погребалното се обидело да пријави смрт на друго лице, но згрешило при пишувањето на една цифра од матичен број. По грешка го внеле бројот на Никол Паулино.
Администрацијата изјави дека нивните податоци инаку се многу точни и дека помалку од 0,33% од повеќе од три милиони извештаи за смрт што ги добиваат годишно подоцна морале да се коригираат. Ова сепак значи дека околу 10.000 извештаи годишно се неточни.
„Овие работи се случуваат речиси секој ден и можат да имаат страшни последици за нечиј кредитен рејтинг“, изјави адвокатот Џозеф МекКлеланд.
Паулино изјавила дека во меѓувреме добила писмо од социјалните служби во кое пишувало дека грешката е исправена. Официјално повторно беше прогласена за жива.
Свет
Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот во Газа, нападите продолжија
Израелскиот безбедносен кабинет денеска го одобри договорот за прекин на огнот, со што се отвора патот за враќање на првите заложници од Газа уште задутре, како и завршување на 15-месечниот конфликт што ја опустоши палестинската крајбрежна енклава.
Договорот меѓу Израел и Хамас се уште чека одобрување од целиот кабинет. Војната меѓу израелските сили и палестинските милитантни групи опустоши голем дел од Газа, убивајќи повеќе од 46.000 луѓе и раселувајќи го најголемиот дел од населението на енклавата.
Доколку биде успешен, прекинот на огнот може да го намали интензитетот на конфликтот на Блискиот Исток, каде што војната од Газа се прошири во Иран, со учество на либанскиот Хезболах, јеменските Хути и вооружените групи во Ирак, како и во го окупираниот Западниот Брег.
Израелската авијација денеска продолжи со нападите во Газа, а палестинската служба за вонредни состојби објави дека од објавувањето на договорот, завчера, се убиени 116 Палестинци, од кои речиси 60 се жени и деца. Како дел од првата, шестнеделна фаза од трифазниот договор, Хамас ќе ослободи 33 израелски заложници, вклучувајќи жени, војници и цивили, деца и мажи постари од 50 години. Израел до крајот на првата фаза ќе ги ослободи сите палестински жени и деца помлади од 19 години од израелските затвори.
Вкупниот број на ослободени Палестинци ќе зависи од ослободувањето на заложниците и може да биде помеѓу 990 и 1.650 Палестинци, вклучувајќи мажи, жени и деца. Израелското Министерство за правда денеска објави список од 95 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени задутре, во првата размена. Хамас во соопштението рече дека тешкотиите што се појавија во условите на договорот за прекин на огнот во Газа се решени.
Договорот наиде на силен отпор од тврдокорните во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се закани дека ќе поднесе оставка доколку договорот биде одобрен. Сепак, тој рече дека нема да ја собори владата.
По состанокот на безбедносниот кабинет, Бен-Гвир во изјава го повтори своето противење на договорот за прекин на огнот и ги повика членовите на целиот кабинет да му се придружат во гласањето против него. Израел тврди дека во Газа се уште се држат 98 заложници, а се верува дека околу половина се се уште живи. Израелските власти првпат официјално ги информираа семејствата на заложниците за имињата на првите 33 кои ќе бидат ослободени, но не се знае колку од тој список се живи.