Македонија
Започна штрајкот на грчките цариници, малку возила на премините

Сообраќајот на граничните премини кон Грција денеска и утре ќе биде отежнат, додека за товарните возила сообраќајот ќе биде во целосен прекин, поради штрајкот на грчките цариници.
Сообраќајот на граничните премини кон Грција денеска и утре ќе биде отежнат, додека за товарните возила сообраќајот ќе биде во целосен прекин, поради штрајкот на грчките цариници.Од македонската полиција на ГП Богородица за Макфакс информираа дека штрајкот веќе започнал од 06.00 часот утрово, како што беше претходно најавено.Според дежурните на ГП Богородица, исклучително мал број возила се забележани изутрината на овој граничен премин, што се должи на навремената информираност од страна на граѓаните.Предвидено е штрајкот да трае 48 часа, во кои патничките возила ќе се пропуштаат по половина час на секои два часа, додека товарните возила воопшто нема да се пропуштаат. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи.
До 06:30 часот на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден пожар е под контрола, а 24 се изгаснати.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Василево, Радовиш и Берово
• с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини
• Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација
2. Општина Прилеп
• с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола)
• Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон граница со Р. Грција
• Не се интервенира поради детонации (мешана шума)
3. Општина Кавадарци
• помеѓу селата Галиште и Ќесендре
• Мешана шума и нискостеблеста вегетација
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Карбинци
• с. Јунузлија (шума)
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.
ЕВН Македонија АД известува дека на ден 31.07.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 07:00 до 16:00 часот, од последна автобуска станица 24ка до маркет„ДАВИДОВ“ . (општина Сопиште)
– во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев. (општина Аеродром)
– во периодот од 09:30 до 12:00 часот, дел од корисниците на селото Морани СЕЛОТО МОРАНИ (општина Студеничани)
– во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од викендици Дражилово, ХПП Патишка Река, Крас Јаболце.(општина Сопиште)
Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Струмица – Берово

Од вчеравечер 22:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно кај „Сарајска раскрсница“, е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.