Македонија
Грција да не ја блокира Македонија за ЕУ, бараат од Европската академија и на „Атлантската заедница“

Македонија направи голем прогрес и тоа е поздравено од ЕУ, а визната либерализација е конкретен чекор што ја покажува зголемената доверба во земјата, оценуваат првите луѓе на Европската академија во Берлин Екарт Стратеншулте и на тинк-тенк организацијата „Атлантска заедница“ Јоханес Бонел
Тие во Берлин на претседателот Ѓорге Иванов му го предадоа меморандумот испратен до членките на ЕУ во кој се изразува поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и другите земји од Западен Балкан. Како што јави известувачот на МИА, во документот се бара билатералните спорови како оние меѓу Македонија и Грција, и Словенија и Хрватска, да не се користат за блокирање на зачленувањето на земјите кандидадти во ЕУ, и да се најдат инструменти за санкционирање на таквото однесување.
„За жал постојат билатерални проблеми кои не ги разбирам, но мислам дека Македонија е на добар пат, а тоа го гледа и ЕУ. Таа е земја кандидат и само прашање на време е кога ќе ги почне преговорите за членство“, вели директорот на берлинската Европска академија Стратеншулте.
Сепак, укажува дека моментната ситуација во ЕУ е сложена – Лисабонскиот договор не е ратификуван, претстои повторниот референдум во Ирска, а истекува и мандатот на ЕК. Тој очекува тие прашања годинава да се разрешат и од наредната година Унијата да им се посвети и на другите приоритети, меѓу кои и проширувањето.
Претседателот на Атланската заедница Бомел, пак, смета дека ЕУ треба да си ги исполни ветувањата кон Македонија и нејзината иднина.
„Македонија има право да биде дел од ЕУ и има силни аргументи со кои го потврдува тоа,“ вели Бомел.
Во меморандумот испратен до членките на ЕУ, меѓу другото, се истакнува дека јасната европска перспектива за Македонија и за Хрватска ќе придонесе за трајно стабилизирање на Балканот и ширење на зоната на мир. Непочитувањето на таквиот принцип може да ги загрози постигнувањата на Унијата и да го врати регионот во нестабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.