Македонија
Рикер: Членство во НАТО единствено со решен спор за името

Македонија ќе се приклучи на Алијансата штом се изнајде прифатливо решение во спорот за името со Грција, порача американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер по попладневната средба со премиерот Никола Груевски.
Македонија ќе се приклучи на Алијансата штом се изнајде прифатливо решение во спорот за името со Грција, порача американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер по попладневната средба со премиерот Никола Груевски.Порача дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг е факт, но истовремено посочи дека НАТО е организација во која консензусот е една од основите на нејзиното успешно постоење. „Пресудата на Меѓународниот суд е пресуда на Меѓународниот суд. НАТО, сама по себе, е договорна организација, во која е потребен консензус, за да се превземат светите и многу важни одговорности за членство во НАТО. Обврските што членството ги бара, значи дека постоечките членки, како и новите членки мора да се согласни тоа да го сторат. Како што реков, консензусот е причината поради која НАТО остана успешен и ефективен како што е“, рече Рикер.Прашан дали Македонија ќе се најде на агендата на НАТО самитот во Чикаго, Рикер објасни дека не говори во име на организацијата, истовремено повторувајќи го заклучокот од самитот во Букурешт.„Македонија секогаш е на нашата агенда и е тема на дискусија долго време во НАТО. Како што знаете, од Букурешт сите велиме и повторуваме дека Македонија ќе добие покана да се приклучи на алијансата штом двете земји, Грција и Македонија најдат прифатливо решение за прашањето, за да може да има консензус во НАТО, кое покрај се, е основа на алијансата. Затоа северно-атланската алијанса е толку успешна, затоа го одржува мирот во Европа од своето основање и е, како што реков, е основа за Алијансата да се движи напред во иднина“, рече Рикер по средбата со Груевски.Американскиот дипломат задолжен за Европа и Евроазија нагласи дека пресудата на Хашкиот суд треба да послужи како катализатор за Македонија и Грција за изнаоѓање на решение на дведеценискиот спор со името. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фетаи: Ја зајакнуваме транспарентноста на институциите

На денешната седница на Владата, по предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, беа усвоени одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции.
„Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности предвидени во акцискиот план на стратегијата“, соопштија од Кабинетот на Фетаи.
Од таму велат дека со денешните одлуки, Владата го задолжи работното тело за спроведување на Стратегијата за транспарентност 2023–2026 во рок од 7 дена да подготви измени на акцискиот план, со утврдување нови рокови и надлежни институции за реализација на активностите.
„Меѓу преземените мерки, се издвојуваат три Министерствата и органите на државната управа во рок од 45 дена ќе ги објават сите информации од одговорените барања за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24 јуни 2024 година, органите на државната управа кои немаат веб-страници, ќе ги креираат во рок од 90 дена и министерствата и другите државни органи ќе ги објават на своите веб-страници внатрешните постапки за јавни набавки“, се наведува во соопштението.
Македонија
Утре сончево време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во четврток ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер. Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во недела, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Македонија
Јавна расправа за ГУП за Гази Баба и Шуто Оризари, граѓаните може да дадат свое мислење

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Гази Баба и на Општина Шуто Оризари ќе се одржи на 21 август 2025 (четврток) во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 9 до 11 часот за Општина Гази Баба и во периодот од 11 до 13 часот за Општина Шуто Оризари.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата [email protected].
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.