Македонија
Командантот на Националната гарда на Вермонт унапреден во чин генерал-полковник

Досегашниот командант на Националната гарда на Вермонт Мајкл Дуби беше унапреден во чин генерал-полковник. Унапредувањето се должи на неговото назначување на функцијата заменик-командант на Северната команда на САД.
Довчерашниот генерал-мајор по шестгодишна служба заминува од функцијата командант на Националната гарда на Вермонт. На таа позиција, Дуби беше клучната фигура во американско-македонската армиска соработка, преку која припадниците на Армијата на Република Македонија служеа рамо до рамо со припадниците на Гардата на Вермонт во Авганистан.
„Би рекол дека релациите меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, Армијата на САД се позитивни и стануваат посилни, особено со успешното распоредување во Авганистан. Мислам дека со текот на времето, АРМ станува посилна и таа е наш добар партнер. Тоа го докажа при распоредувањето“, рече Дуби во изјавата за Гласот на Америка на македонски.
Новиот чин на Дуби му го честиташе македонскиот претседател Ѓорге Иванов, чие писмо беше прочитано на церемонијата во Пентагон.
„На САД и особено Вам сме Ви благодарни што ни овозможивте преку вградувањето на македонските војници во Националната гарда на Вермонт во рамките на мисијата ИСАФ да докажеме дека де факто ние сме во НАТО“, наведува македонскиот претседател во писмото.
Аташето за одбрана на РМ во САД, полковникот Јорданчо Миладиновски, вели дека генерал- полковникот Дуби преку шест години ја поддржува соработката помеѓу двете армии, но се залага и за цивилната соработка.
„Тој даде огромна поддршка во проширувањето на оваа соработка во цивилниот сектор, во економскиот дел, во областа на здравствената грижa, едукацијата и образованието“, коментира Миладиновски.
За интеграцијата на Македонија во НАТО, генералот Дуби прецизира: “Не сум вклучен во процесот, но од моето долгогодишно искуство со Македонија знам дека АРМ е професионална армија. Се надеваме дека ќе продолжи на тој пат. Ми беше чест да работам со многу Македонци во текот на годините. Нивната посветеност кон професионализмот е за восхитување“. /крај/воа/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на вистината за АНБ, што ја плаши власта, па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.