Свет
Техеран: Иран ќе најде други извозници на својата нафта
Иранските власти ги нарекоа новите санкции наметнати од Европската унија за извозот за неговата нафта „психолошка војна“, тврдејќи истовремено дека ембаргото нема да ја спречи земјата да ги заштитат своите интереси.
Иранските власти ги нарекоа новите санкции наметнати од Европската унија за извозот за неговата нафта „психолошка војна“, тврдејќи истовремено дека ембаргото нема да ја спречи земјата да ги заштитат своите интереси.Ова го изјави на прес-конференција во Техеран, Рамин Мехманпараст, портпарол на иранското министерство за надворешни работи, пренесува Reuters..Претходно во понеделникот, шефовите на дипломатиите на 27-те членки на ЕУ на состанокот во Брисел донесоа одлука за воведување ембарго на извозот на нафта од Иран. Како што беше соопштено, причината за воведување на новите санкции против Иран е што властите во Техеран, според мислењето на Европската унија, сé уште не сакаат да соработуваат со меѓународната заедница по прашањата поврзани со развојот на неговата контроверзна нуклеарна програма.„Санкциите на Европската унија за иранската нафта претставуваат психолошка војна. Наметнувањето економски санкции е нелогично и нечесно (дејствие), но тоа не ја спречува нашата земја да ги остварува своите права“, го цитира агенцијата Мехманпараст.„Европските земји и оние (земји) кои се наоѓаат под притисокот на САД, мора да размислуваат за своте сопствени интереси. Секоја земја којашто е лишена од иранскиот енергетски пазар, наскоро ќе увиди дека ќе биде заменета со друга (земја)“, изјавил портпаролот на министерството за надворешни работи на Исламската Република.САД и другите западни земји се сомневаат дека Иран работи на развивање нуклеарно оружје под маската на неговата мирновременска прогрма за развој на нуклеарната енергија. Техеран, пак, ги негира обвиненијата, истакнувајќи дека неговата нуклеарна програма е со цел да ги задоволи сопствените потреби од електрична енергија, како и во медицински цели.Инаку досега во врска со спорната нуклеарна програма, на сила се четири резолуции донесени од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации, за наметнување санкции врз Иран, и тоа 1737, 1747, 1803 и резолуцијата 1929./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

