Контакт

Македонија

Тодоров: Можно е повлекување на некои учебници

Објавено пред

Одредени учебници за кои ќе биде установено дека имаат поголеми грешки може да бидат повлечени, изјави денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, за ревизијата на учебниците која е во тек.

dobivaj vesti na viber

Одредени учебници за кои ќе биде установено дека имаат поголеми грешки може да бидат повлечени, изјави денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, за ревизијата на учебниците која е во тек. „Можно е да има учебници што ќе треба да се повлечат, меѓутоа поголемиот дел од учебниците според генералните сознанија што ги имаат од Националната комисија за учебници, ќе може да поминат со определени ситни корекции или допечатување на определени делови каде ќе бидат наведени забелешките за посериозните грешки, или со еден допис до сите училишта во кој ќе бидат наведени определени недоследности и поситни грешки во учебниците,“ рече Тодоров. Тој најави дека наредната недела заедно со комисиите детално ќе ги „чешлаат“ сите извештаи од ревизијата на учебниците кои за најголем дел од нив се готови. Почетокот на оваа учебна година беше одбележан со скандалот со учебниците и нивната целосна ревизија од страна на Министерството за образование и наука.Ревизијата следи по случајното откривање на огромните грешки на учебникот „Општество“ од страна на новинарите што предизвика бура од реакции во јавноста за постапката на правење учебници во земјата, за компетентноста на авторите и рецензентите, и за одговорноста на Министерството за образование во целиот процес./крај/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Објавено пред

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

dobivaj vesti na viber

Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.

„Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија. 70 проценти од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра“,рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива.

„Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие – релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа“, нагласи Шукова.

Притоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Објавено пред

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на презентацијата на 38 возила (уште 5 дополнително ќе бидат доставени), рече дека државата е подготвена да се справи со сезоната на пожарите.

„На овој начин државата заштедува неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се зголемени повеќекратно“, рече премиерот.

Мицкоски додаде и дека оваа недела се очекува да се врати вториот авион за гаснење пожари од сервис, додека третиот треба да пристигне до крајот на месецот или почетокот на август. Исто така, во функција се ставени и по два армиски и полициски хеликоптери.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на настанот изјави дека се работи за моќни теренски возила со пумпи и цистерни, кои веќе се оперативни.

„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.

Ангелов порача дека ова лето „гранката нема да му треба“, истакнувајќи ја подготвеноста во споредба со минатото.

На воениот полигон Пепелиште, присуствуваа и потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, пришто беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Објавено пред

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кои овозможиле армиски и полициски возила кои не се употребувани со години да бидат пренаменети за таа цел.

dobivaj vesti na viber

„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, рече Ангелов, алудирајќи на импровизираната одбрана од пожарите кога едно од ланските видеа на кои гасне пожар со гранка стана вирално на социјалните мрежи. Тој информираше дека државата, како никогаш порано, располага со нови противпожарни ресурси распределени низ институциите и министерствата.

„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.

На воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Мицкоски, потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија2 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава2 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Македонија5 часа

И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има...

Свет5 часа

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50, продолжува потрагата по децата

Бројот на жртви од поројните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици...

Свет5 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет6 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија15 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ22 часа

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија1 ден

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија1 ден

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ1 ден

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ1 ден

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет1 ден

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија1 ден

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија1 ден

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт1 ден

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ2 дена

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 дена

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...