Свет
Бомбашки напад во Пакистан-седум загинати
Седум луѓе загинаа,а повеќе од 50 се повредени во самоубиствен бомбашки напад извршен во судската зграда во Пешевар, на северозападот од Пакистан.
Седум луѓе загинаа,а повеќе од 50 се повредени во самоубиствен бомбашки напад извршен во судската зграда во Пешевар, на северозападот од Пакистан.
Бомбашот самоубиец се обидел да влезе во зградата, но во тоа го спречиле чуварите по што тој го активирал експлозивот-рече министерот без ресор Басир Билор.
Полициски извори исто така потврдија дека се работи за самоубиствен бомбашки напад, а од болницата во која биле згрижени 50-ината повредени потврдиле дека најмалку седум лица го загубиле животот.
Засега се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот. Поголемиот дел од нападите во Пакистан се дело на талибанските бунтовници. Во последните две и пол години во слични напади загинаа повеќе од 2.600 луѓе./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

