Свет
Сирија: Повик за сеопфатно вооружено востание
Жестоки борби избувнаа во саботата помеѓу Слободната армија на Сирија и владините сили во предградијата на престолнината Дамаск, еден ден откако 60 луѓе загинаа во силните борби ширум земјата.
Жестоки борби избувнаа во саботата помеѓу Слободната армија на Сирија и владините сили во предградијата на престолнината Дамаск, еден ден откако 60 луѓе загинаа во силните борби ширум земјата.
Владините тенкови отвориле оган и врз сиромашниото предградие на Хомс, Баба Амр, додека сириската опозиција повика на сеопфатен вооружен отпор против режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Во меѓувреме, европските и арапските нации притискаат во Советот за безбедност на Обединетите нации преку резолуција да се поддржи планот на Арапската лига од минатата недела, кој предвидува моментален прекин на сите насилства, ал-Асад да ја напушти власта, а на негово место да дојде неговиот заменик, кој би ја надгледувал организацијата на предвремените избори во земјата.
Резолуцијата ја подготвија Британија, Франција и Германија за едно со арапските држави, а пред СБ ја претстави Мароко.
Поддржувачите на резолуцијата се надеваат дека противниците ќе попуштат пред фактот дека целата Арапска лига ја поддржува резолуцијата, од бројката на мртви која, според ОН, достигна 5.400 луѓе, но и од жестоките борби кои ја зафатија земјата во последните неколку дена. Шефот на мисијата на Арапската лига во Сирија, суданскиот генерал Мохамед Ахмед Мустафа ал-Даби призна дека насилствата „значително се засилиле“ во текот на минатата недела, особено во централните точки на отпорот против ал-Асад во градот Хомс и во северниот регион Идлиб.
На резолуцијата најжестоко и се против и Русија, која смета дека со неа е помината „црвената линија“. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин ја обвини Арапската лига дека сака на ал-Асад да „му наметнат“ решение пред воопшто да започнат директните преговори помеѓу режимот и опозицијата и предупреди дека „Сирија нема да биде Либија“.
Сепак, тој вели дека резолуцијата нуди „основа за разговор“ и дека договорот со поддржувачите на резолуцијата е можен.
Русија и Кина во октомври веќе ставија вето на претходната резолуција за Сирија, подготвена од членки на ЕУ, со обвинение дека Западот единствено сака „да го смени режимот“.
И сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џаафари жестоко и се спротивстави на резолуцијата и ги обвини членките на СБ дека зборуваат за неговата земја без да ги консултираат Сиријците и со нив да ги споделат своите забелешки.
„Се однесуваат кон нас како да сме поранешна колонија, ако да треба да се потчиниме на нивната волја. Тие грешат и многу ќе се разочараат“, вели Џаафари. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

