Регион
Турција отвори мрежна страница со листа на најбараните терористи
Турските власти отворија во средата интернет страница на која е објавен списокот со најбараните терористи, меѓу кои најмногу има курдски бунтовници и некои џихадисти кои кривично се гонат по нападите на бомбашите самоубијци во Анката од 10-ти октомври, кој со 102-те жртви е најкрвавиот терористички чин во историјата на Турција.
Интернет страницата www.terorarananlar.pol.tr објави список со имиња на 728 лица означени во пет бои, зависно од степенот на нивната опасност. Со црвена се означени најопасните, а со сина, зелена, портокалова и сива, оние кои се сметаат за помалку опасни.На ткн „црвена листа“ има 32 имиња, тројца од нив се водачи на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), Мурат Карајилан, Чемил Бајик и Хусејин Фехман. На неа и имамот Фетула Ѓулен, исламски конзервативен филозоф и проповедник кој живее во егзил во САД а кој беше сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и се смета за заслужен за неговиот подем, но кој последнава година го обвинува за создавање „држава во држава“ со намера да го урне.На „црвената листа“ се само две непознати за пошироката јавност лица кои се означени како припадници на екстремната сунитска организација Исламска држава. Претходно во средата турското министерство за внатрешни работи објави дека во изминатите девет месеци од 2015 година биле уапсени 285 лица осомничени за припадност или врски со Исламската држава.Повеќето од припадниците на споменатата џихадистичка организација по кои полицијата трага по атентатот на железничката станица во Анкара од 10-ти октомври, се вброени во „помалку опасната“ ткн „сина“ листа.Турското министерство за внатрешни работи се ограничило на објавување на основните биографски податоци за бараните лица и покрај фотографијата наведено е само името, презимето, датумот и местото на раѓање, како и името на организацијата на којашто ѝ припаѓаат.Покрај тоа, се ветува и награда за оние коишто ќе „помогнат“ или ќе „дадат информации“ коишто ќе доведат до апсење на лицата од листата. Таа награда се движи од 300.000 турски лири, или 90.000 евра, до 4 милиони турски лири, или 1,2 милиони евра, за бегалците од „црвената“ листа./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

