Македонија
Георгиев: Во Македонија преовладува опозициско расположение
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, оцени дека одзивот на денешните предвремени парламентарни избори, укажува на опозициско расположение кај гласачкото тело од партијата очекуваат ова расположение да се отслика и во изборниот резултат.
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, оцени дека одзивот на денешните предвремени парламентарни избори, укажува на опозициско расположение кај гласачкото тело од партијата очекуваат ова расположение да се отслика и во изборниот резултат.„Досегашната пракса во Македонија, но и насекаде низ светот покажува дека голема излезност во принцип и одговара на опозицијата. Ако го тргнеме настрана процентот на излезност во шестката, во сите други изборни единици, одзивот на гласачите е поголем од изборите во 2002 година. Граѓаните бараат подобра иднина и бараат промени“, рече Георгиев на првата партиска прес конференција по затворањето на избирачките места. Од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребила гласањето на дијаспората.„Сите три пратеници од дијаспората се избрани со вкупно 2.500 гласа, за разлика од изборните единици во Македонија каде што за избор на еден пратеник во просек се потребни најмалку 8.000 гласа. Со вака спроведени избори во дијаспората Груевски и ДПМНЕ ја погазија демократијата и ги понижија нашите државјани таму. Георгиев им се заблагодари на сите граѓани за масовниот одзив на изборите, потенцирајќи дека на тој начин се спречиле како што рече „црните сценарија“ кои што ДПМНЕ ги измислува во последните 20 дена.“Георгиев изрази надеж дека сите институции и политички партии ќе работат согласно Уставот и законите до крајот на изборниот процес и до објавувањето на конечните изборни резултати. крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница
Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите.
Од тука најавија дека декларацијата ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.
Во неа се наведува дека случувањата по изборите го доведуваат во прашање духот на Охридскиот договор. Велат дека непочитувањето на изборниот легитимитет овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.
ВМРО-ДПМНЕ која извои апсолутна победа на изборите во мај, ги исклучи ДУИ од преговорите за новиот владин состав. Наместо нив ВМРО-ДПМНЕ договори коалиција со „Влен“ во која учествуваат политичките партии од албанскиот опозициски блок во земјата. ДУИ која освои повеќе гласови од „Влен“, инсистира на влез во Владата и почитување на правилото „победник со победник“, а ВМРО-ДПМНЕ постојано ги потсетува дека ова правило самите го прекршија во 2016 година кога наместо со нив кои тогаш победија, одлучија да коалицираат со СДСМ и заедно составија Влада. ДУИ сега тврди дека волјата на албанските гласачи е погазена, а Охридскиот договор е прекршен.
„Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016 година каде победи ВМРО-ДПМНЕ. Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата на Христијан Мицкоски пред неколку дена порача дека ако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спасат од одење во опозиција и ќе ги сокријат криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата.
И новоизбраниот претседател на Собранието од Влен, Африм Гаши вели дека Охридскиот рамковен договор не е прекршен.
„На секој човек кој ги знае Рамковниот договор и Уставот, јасно му е дека тоа воопшто не е дел од Рамковниот договор“, вели Гаши.
„Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од Уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, Влен доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание“, рече Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.
ДУИ во декларацијата до меѓународната заедница ја истакна и нивната целосна посветеност за целосно спроведување на Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат.
(Обновено)
Македонија
Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.
Милјана Ристиќ од Македонија во женска и Дарио Ивановски од Македонија во машка конкуренција, се првопласирани на главната трка на 21 километар, а Мирослав Спасов од Бугарија го освои првото место на трката на 5 километри.
Претседателката изрази задоволство од високиот потенцијал и посветеност на годинашните натпреварувачи, кои што несомнено ќе придонесат за нивните идни значајни маратонски подвизи. Особена благодарност упати и до организаторите на годинашниот Охрид трчаТ“, за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја.
Македонија
Деспотовски: Оние кои ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции
Јован Деспотовски кој ја објави својата кандидатура за претседател на СДСМ, предлага секој од кандитатите кој нема да биде избран, да се обврзе дека нема да прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво.
Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови. Тој ги повика сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава.
Според него, учеството во трката за претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата.
Деспотовски додава дека претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи.
„Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување“, рече Деспотовски.
Партискиот тим, како што додава, мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат.