Македонија
Отворено игралиште за хокеј и картинг патека во „Борис Трајковски“

Игралиште за хокеј и уметничко лизгање и картинг патека денеска беа отворени во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Игралиште за хокеј и уметничко лизгање и картинг патека денеска беа отворени во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Овој спорт кој во текот на транзицискиот период замре во Македонија, сега владата сака да го заживее со инвестиција од 430 илјади евра.
Како што најави директорот на спортскиот центар „Борис Траковски“, Ратко Капушевски, ќе се отвораат школи за тренирање хокеј, каде ќе бидат ангажирани врвни тренери од Русија и Украина.
Нова картинг патека ќе биде за наменета повеќе за рекреација, а како што најави премиерот Никола Груевски целосно ќе се реконструира и базенот „Карпош“, и од внатре и од надвор, чија реконструкција би требало да биде готова во текот на летната сезона.тој исто така најави и изградба на мултифункционално игралиште за ракомет, кошарка.
Доколку градоначалникот на „Карпош“ ни дозволи промена на деталниот урбанистички план, ќе изградиме и четири тениски терени, рече Груевски.
За изградбата на спортските терени, Груевски најмногу му се заблагодари на министерот за финансии, Зоран Ставревски, но и на пратениците, кои изгласале од буџетот да се издвојат пари за изградба на вакви содржини.
Освен новите содржини на теренот во овој спортски центар има куглана, аеробик, конгрес сала, билијард, карате клуб
На отворањето на спортските игралишта, освен премиерот Никола Груевски, присуствуваа и дел од министрите на Владата, пратеникот Влатко Ѓорчев, како и претседателката на унијата жени на ВМРО-ДПМНЕ, Косана Мазнева.
Отворањето на спортските терени беше проследено со музичка манифестација, фрлање конфети и многу љубопитни луѓе./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ, дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот магазин „Политико“.
Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање. „Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци Бугарија повторно дојде со барања поврзани со историјата, идентитетот или јазикот?“, рече Муцунски.
Тој нагласи дека Северна Македонија е подготвена и веќе работи на сите други неопходни реформи, бидејќи тие не се само барање на Унијата, туку и потреба на општеството. „Ако утре земјите членки ни кажат дека треба да направиме повеќе во областа на владеењето на правото или доброто управување – тоа го разбираме. И не само што го разбираме, туку го чувствуваме како наша обврска“, додаде министерот.
Во интервјуто тој се осврна и на геополитичкиот контекст, нагласувајќи дека иако ја разбира итноста за интеграција на Украина, тоа не смее да биде на сметка на Западен Балкан. „Најбрзата, а веројатно и најевтината инвестиција во европската стабилност е ЕУ што побргу да ги отвори вратите за целиот регион. Не мислам дека селективното проширување е најдобрата опција“, изјави Муцунски.
Тој потсети дека Северна Македонија го започна европскиот пат заедно со Хрватска, но додека Хрватска денес е членка на Шенген и користи евро, нашата држава сè уште нема отпочнато преговори за членство.
Министерот изрази увереност дека проширувањето сè уште е возможно. „Слушаме за скептицизам кон проширувањето. Но, Северна Македонија – културно, социјално и политички – е европско општество. Доколку ги направиме реформите како што треба, не верувам дека ќе има силен отпор за проширувањето на нашиот регион.“
Покрај темите поврзани со ЕУ-членството, Муцунски зборуваше и за поддршката што Северна Македонија ја дава за Украина, придонесот во НАТО Алијансата, како и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Тој посочи и дека Северна Македонија беше првата земја од регионот што потпиша безбедносно-одбранбено партнерство со Европската Унија – дури пред Велика Британија и Канада.
Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.