Македонија
Нема да гласаат речиси половина од граѓаните
Речиси половината од македонските граѓани изјавиле дека нема да гласаат во вториот круг на претседателските избори, покажува последната анкета
Речиси половината од македонските граѓани изјавиле дека нема да гласаат во вториот круг на претседателските избори, покажуваат резултатите од последната анкета.
„Нема да гласам”, изјавиле 45,8 проценти во телефонската анкета на Институтот за демократија за рејтингот на претседателските кандидати. „Се уште не знам” одговориле 15 проценти од граѓаните кои учествувале во истражувањето на јавното мислење.
Според резултатите од анкетата, претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорге Иванов и натаму убедливо води со 25,4 проценти поддршка пред опозициониот кандидат Љубомир Фрчкоски со 13,8 проценти.
Институтот соопшти дека резултатите од анкетата се однесуваат на вкупниот број избирачи 1.792.082.
Истражувањето е спроведено меѓу 27. и 28. март, а вкупно биле анкетирани 1.112 граѓани, Институтот додава дека статистичката грешка може да изнесува плус – минус 3,1 процент./крај/амп/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

