Македонија
Затворен и ланч бар „Кадмо“
При контрола на УЈП, полицијата и Државниот пазарен инспекторат, во петокот во 13 угостителски објекти на подрачјето на Охрид, Струга и Дебар, затворен и ланч бар „Кадмо“ на ул. „Коста Абраш“.
При контрола на УЈП, полицијата и Државниот пазарен инспекторат, во петокот во 13 угостителски објекти на подрачјето на Охрид, Струга и Дебар, затворен и ланч бар „Кадмо“ на ул. „Коста Абраш“.
Објектот е затворен на 15 дена од УЈП поради неиздавање на фискални сметки, а изречена е и глоба од 2.500 евра во денарска противвредност за правно лице како и 750 евра за одговорно лице.
На подрачјето на Струга контрола е извршена во угостителските објекти кафе бар „Миа“, “Тренди“, „Стрит“, ресторан „Босфор“, „Ванила вип“ и „Перла“ при што не беа констатирани неправилности по било кој основ.
На подрачјето на Дебар контрола беше изврешена во шест угпостителски објекти и тоа: кафе бар „Либурн„ „ББС“ слаткарница „Беса“, ресторани „Колонија“, „Фусион“ и „Јон“. Од извршената контрола беа констатирани прекршоци од Законот за заштита од пушење и тоа во кафе бар „Либурн“ каде што е изречена глоба од 500 евра во денарска противвредност за правно лице, како и две глоби од по 150 евра за две физички лица затекнати со цигари во објектот, а идентично и во слаткарницата „Беса“е изречена глоба од 500 евра за правното лице, како и две покани за наплата на глоба од по 150 евра во денарска противвредност за две Физичко лице затекнати со цигари во објектот. Во другите четири локали не се евидентирани неправилности
Инаку завчера на подрачјето на Охрид и Кичево беа извршени контроли во 16 објекти од кои два локали во Охрид и три во Кичево беа евидентирани неправилности. Притоа без изречени глоби во висина над 19.000 евра, а изречени беа и четири времени забрани за вршење дејност две во траење од по 15 дена и две во траење од по 30 дена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.
Економија
Средба Муцунски – Aзески: Фокус на извозот и економската дипломатија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.
На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.
Министерот Муцунски нагласи дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот, што директно придонесува кон зајакнување на економијата и забрзување на економскиот развој.
Беше потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговараше и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.
Нагласувајќи ја важноста на дипломатско-конзуларните претставништва и на дипломатската мрежа во целост, претседателот на Стопанската комора истакна дека иницијативите за зајакнување на економската дипломатија доаѓаат во вистински момент, во насока на поддршка на стопанството и економското закрепнување.
На средбата беа разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора.

