Свет
САД повлекоа 800 илјади дози вакцини

Тестовите во САД покажале дека вакцината против свинскиот грип е со делумно послабо дејство, по што владините служби се решиле да повлечат 800 илјади дози
Повлечените вакцини претходно биле наполнети во инјекции наменети за деца од три до шестгодишна возраст, произведени од француската фармацевтска компанија Sanofi Aventis.Американските лекари во вторник се известени за доброволното повлекување на вакцината, а претставниците од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите ја смируваат јавноста дека нема место за паника. Имено, според нив, проблемот не е во безбедноста на вакцината, туку во нејзината ефикасност. Тестовите направени пред вакцините да бидат испратени во здравствените установи, покажале дека тие не се доволно силни. Се’ уште не е позната причината која го предизвикала намалувањето на ефективноста на вакцината.Децата од споменатата возраст треба да добиваат две дози од вакцината во период од еден месец. Американските стручњаци сметаат дека децата кои добиле веќе две дози од споменатата вакцина, не мора уште еднаш да се вакцинираат.Вакцината против новиот тип свински грип во САД е достапна од октомври, а досега биле дистрибуирани околу 95 милиони дози. Американските медиуми потенцираат дека Sanofi Pasteur делот од компанијата Sanofi Aventis во кој се произведуваат вакцините сам ги известил американските здравствени власти и доброволно ја повлекол вакцината, но од компанијата се’ уште немаат официјално соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.