Свет
Медведев: етничката дискриминација е проблем за цела Русија
Етничката дискриминација е проблем со кој се соочуваат не само неколку руски региони, туку целата земја, изјави денеска претседателот Дмитри Медведев
Етничката дискриминација е проблем со кој се соочуваат не само неколку руски региони, туку целата земја, изјави денеска претседателот Дмитри Медведев„Хармонизацијата на интеретничките релации внатре во земјата е комплицирана задача, но мора да и се посветиме“, вели Медведев и додава дека развојот на националните медиуми би требало да стане главна цел и за локалните и за федералните власти. „Се обидуваме со тоа да се справиме преку обезбедување на можности секоја етничка група да има свој медиум, интернет ресурси, како и други можности кои треба да им се достапни на сите луѓе“, вели Медведев. Тој исто така ја истакна и важноста на тоа секоја етничка група „да има еднаков пристап до функциите во општините каде што живее“.Медведев смета и дека промовирањето на негативни историски стереотипи кои одредени етнички групи прикажуваат во негативно светло е апсолутно неприфатливо, опасно и може да создаде ужасни проблеми.Руската престолнина се соочи со најло=ите расни судири во декември минатата година, кога толпата од 5.000 националисти и фудбалски хулигани се судри со полицијата во близина на ѕидините на Кремљ. Демонстрантите протестираа поради лошото водење од страна на полицијата на случајот на убиството на 28-годишниот московски фудбалски навивач во тепачка со мигранти од рускиот Северен Кавказ. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 20 луѓе на летот со турбуленции добиле повреди на ‘рбетот, мозокот и черепот
Повеќе од 20 луѓе на летот на Сингапур Ерлајнс, кој во вторникот беше погоден од силни турбуленции, сè уште се на интензивна нега со повреди на ‘рбетот, мозокот и черепот, според болницата во Бангкок која лекувала некои од патниците, според Си-Ен-Ен.
Болницата во главниот град на Тајланд лекува 22 пациенти со проблеми со ‘рбетот и’ рбетниот мозок, шест со повреди на черепот и мозокот и уште 13 со проблеми со коските, мускулите или меките ткива, изјави нејзиниот директор.
Докторот додаде дека 17 пациенти биле оперирани, вклучително и операции на ‘рбетниот столб. Во инцидентот загина едно лице.
Патниците кои разговараа за медиумите откако авионот принудно слета во Бангкок опишаа дека некои патници и членови на екипажот биле фрлени околу кабината, удирајќи со главите во багажниот простор и виделе шокирани луѓе со крвави рани на нивните лица.
Џош Силверстон, еден од патниците на летот на Сингапур Ерлајнс, се опиша себеси како „среќен што е жив“ додека ја напушти болницата во средата вечерта.
Во разговор со новинарите, 24-годишниот британски државјанин рече дека во турбуленциите добил расекотина на окото и скршен заб, но дека неколку патници биле во многу полоша физичка состојба од него.
Силверстон ги опиша другите ефекти од итно слетување во Бангкок, велејќи дека почнал да повраќа, што го поттикнало да побара лекарска помош.
Многу патници појадувале во моментот на инцидентот. Видеото и сликите од внатрешноста на авионот по вонредното слетување во Бангкок го покажаа степенот на штетата, со скршени надземни прегради и воздушни маски за итни случаи кои висат над седиштата.
Еден патник загина, а повеќе од 30 се повредени на летот на „Сингапур ерлајнс“ од Лондон до Сингапур кој го погодија силни турбуленции.
Регион
Брнабиќ за усвојувањето на резолуцијата: „Пирова победа и фаул на големите западни елити“
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.
Во ОН членуваат 193 земји, а Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше усвоена вчера со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.
Брнабиќ за РТС изјави дека Србија покажала како се бори за своите интереси, светот и меѓународното право и не дозволила „ народот да биде жигосан“.
„Сето ова сега е многу свежо и една работа што ја научив од претседателот на Србија Александар Вучиќ е дека не треба да реагирате набрзина“, рече таа.
Вака таа одговори на прашањето за идните односи на официјален Белград со земјите од европскиот континент кои ја поддржаа Резолуцијата, на која Србија се противи.
„Сè што ќе кажам е доста емотивно, мене лично ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на таа резолуција“, рече таа.
Таа додаде дека „во секој момент“ ќе се чувствува многу поблиска со земјите кои гласаа против, воздржани или ја напуштија просторијата кога се гласаше за резолуцијата.
„Ние секако треба да продолжиме да работиме со нашите партнери, а тоа е во наш национален интерес и со земјите-членки на ЕУ“, рече таа.
Рече и дека „во секој момент“ секогаш ќе биде со земјите што беа со Србија во ОН и им се заблагодари на сите што ги поддржаа позициите на Белград.
Европа
Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде дека е неопходно зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија.
Орбан изјави за „Радио Кошут“ дека „постојат некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвувале за Првата и Втората светска војна“, пренесува агенцијата „МТИ“.
„Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната“, рече унгарскиот премиер.
Орбан изјави и дека поради тоа има потреба од зајакнување на армијата, бидејќи тоа само по себе може да ја одврати војната.
„Слабоста е најчеста причина за војни, затоа е неопходно да се има војска и војници, да се направат подготовки и да се зајакнат капацитетите за самоодбрана“, рече унгарскиот премиер.