Македонија
Потребна е поголема социјална и здравствена грижа за граѓаните
Граѓаните имаат потреба од поголема социјална и здравствена грижа, а ризичните групи од отворање на поголем број советувалишта и центри за третирање на зависниците.
Граѓаните имаат потреба од поголема социјална и здравствена грижа, а ризичните групи од отворање на поголем број советувалишта и центри за третирање на зависниците.
Ова е заклучок од прес промоцијата што в понеделник се одржа во Град Скопје по повод 1.декември, Светскиот ден за борба против сидата.
По повод настанот, претставникот на СОС телефонот за помош од дрога и ХИВ – сида, Славица Шекутковска информираше дека кога станува збор за зависниците од дрога на линијата најчесто се јавуваат загрижените родители и тоа мајката, како и пријателите на зависникот.
Алармантен е податокот дека возрасната граница на лицата кои почнале да користат дрога паднала на 13 годишна возраст.
Паралелно со активностите поврзани за третманот на корисниците на дрога Град Скопје поддржал проекти и за сексуалното здравје.
На оваа тема, трибини во 10 училишта поддржало здружението на граѓани Млади за млади, како и здружението Хера, кои работеле на проект за зголемен пристап до социјални и здравствени сервиси за социјалните семејства од ромската националност./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

