Македонија
Во Србија со лична карта само за оние кои живеат близу границата
Граѓаните кои живеат на оддалеченост до 30 километри на македонско-српска граница ќе можат да ја преминат само со лични карти, се договорија на денешната средба министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и српскиот министер за внатрешни работни, Ивица Дачиќ.
Граѓаните кои живеат на оддалеченост до 30 километри на македонско-српска граница ќе можат да ја преминат само со лични карти, се договорија на денешната средба министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и српскиот министер за внатрешни работни, Ивица Дачиќ.
„Со овој договор се регулира режимот на поминување на границата на граѓаните кои живеат во областа на границата само со лични карти ќе можат непречено да ја поминуваат границата што беше и едно од клучните барања на локалното население од овој регион посебно“, изјави Јанкулоска.
Таа рече дека се разгледува и иницијативата на српскиот министер за склучување на договор односно регулирање на режимот на поминување на државната граница за граѓаните на двете држави само со лична карта.
„Нашите заеднички интереси се да ја развиеме меѓусебната соработка која што ќе биде во интерес и на двете држави и во таа смисла нашата соработка има огромно значење. Соработката се состои од борбата против организираниот криминал, борбата против тероризмот и борбата против корупцијата“, рече Дачиќ.
Според податокот од граничната полиција, годинава 3,5 милиони граѓани на Србија го преминале граничен премин кон Македонија.
Дачиќ додаде дека на средбата разговарале и за решавање на проблемот со лажните азиланти кои се обидуваат да влезат во Европа преку двете држави.
Јанкуловска изјави дека ќе се залага да се олесни и патувањето со лична карта кон Албанија и Косово, а Дачиќ смета дека Косово е дел од Србија.
Движењето само со лични карти се очекува да биде во најкус можен рок откако ќе завршат формалностите за реализација на оваа идеја. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството отвори постапка за оштетување на влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

