Македонија
Судскиот совет ќе ја разгледува одговорноста на Митриновски
Републичкиот судски совет на денешната седница ќе го отвори прашањето за одговорноста на веќе поранешниот претседател на Апелацискиот суд, Јордан Митриновски за случајот со притворот за Бајруш Сејдиу
Претседателот на судскиот совет, Васил Грчев во вторникот потврди дека на денешната седница ќе бидат констатирани оставките на Митриновски и судијата Лимани и дека ќе биде разгледувана одговорноста на оној што се откажува од претседателската функција без да споменува конкретни имиња. Ова следува по ненадејната оставка на Митриновски од претседателското место и на судијата Лимани од местото судија. Но како што појасни Грчев, оставката на Митриновски не значи дека нема да биде покрената постапка за утврдување на одговорноста на Митриновски како судија.Сега ова барање е во фаза на иницијатива од Врховниот суд, по што треба да се формира и комисија која ќе го испита овој случај.На денешната седница треба да биде избран и вршител на должност претседател, наследник на Митриновски. Новиот В.Д. претседател ќе се избира од редовите на судиите на Апелација кои добиле највисоки оценки за 2008 година.Седницата ќе биде затворена за јавноста, освен ако судијата не побара да биде отворена за јавност.Двајцата судии кои си поднесоа оставка, едниот од претседателско, а другиот од функцијата судија, го заменија притворот на Бајруш Сејдиу со куќен притвор кој кумановскиот бос го гарантираше со 1,4 милиони евра.По одлуката на Апелација за замена на притворот на Бајруш Сејдиу, Врховен ја преиначи оваа одлука и не му дозволи на Бајруш да оди во куќен притвор, а поведе и постапка за нестручно и несовесно работење за Митриновски и Лимани.По неколкудневните обвинувања на Митриновски дека одлуката на Врховен е незаконска, тој се премисли и рече дека Апелација ќе ја почитува одлуката на Врховен. Последно изненадување беше оставката на Митриновски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

