Македонија
Ѓорѓи Тренкоски: Фактура со очи не сум видел
Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ѓорѓи Тренковски три часа пред судскиот совет тврдеше дека законски работел и никогаш не направил двојно плаќање на исти лекови кон Градски аптеки, како што е наведено во обвинението
Ѓорѓи Тренкоски е обвинет за несовесно работење. Во истиот предмет второ обвинета е директорката на аптеките Весна Огненовска.„Фактура со очи не сум видел. Немам никаква одговорност ниту пак сум можел да вршам исплаќања. Тоа е работа на подрачната единица на фондот и одговорност на тогашниот директор “, тврди Тренковски.Пред судот се пожали дека долго време не можел да ги види доказите на обвинителството против него , но кога направил увид во предметот видел докази кои не се однесуваат на неговата работа. Според него целата забуна настанала поради лошото толкување на начинот на работата на Фондот, каде терминот фондовски лекови се користи како жаргон, а всушност се работи за лекови кои за кои надлежен за плаќање е фондот.Појасни дека на лековите од приватизираната Градска аптека биле лепени нови бандероли поради промената на маржата за лековите, што се поклопило со приватизирањето на аптеката од јавна во приватна установа. Неколку пати повтори дека целосното материјално финансиско работење било одговорност на подрачната единица Скопје , за сите договори со приватните здравствени установи биле одговорни службите на Фондот.Кажа дека пред да дојде за директор секоја подрачна единица имала своја сметка во банка , што потоа се сменило и сите сметки биле префрлени во Народна банка. Тој тврди дека никогаш од подрачната единица не било побарано одобрение за исплата од Фондот.Средствата што биле префрлени од Фондот на подрачната единица биле за исплати кон матични лекари , аптеки, стоматолози, но Фондот не знаел за кој и колку. Тренковски тврди дека лековите во вредност од 27 милиони денари од градски аптеки влегле во проценката на аптеките кога биле приватизирани до последно кутивче.Со приватизацијата сите лекови биле купени од новите газди. Потоа изборот на најповолен понудувач за лекови го вршел Фондот , а одбраната фирма склучувала договор со аптеките.Поради замор на судијата и странките судењето беше прекинато, а ќе продолжи во февруари со сослушување на второобвинетата Весна Огненовска.Според обвинението Тренковски дозволил Фондот два пати да плати исти лекови еднаш на добавувачите еднаш на градски аптеки, а Огњановска иако знаела дека лековите еднаш се платени повторно ги фактурирала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

