Македонија
Скопското обвинителство сослушува сведоци за случајот “Списоци”
Во скопското јавно обвинителство од изутрина се сослушуваат неколкумина сведоци од поголемата група од 20 – тина кои се на списоци кои телевизија А1 ги објави пред две седмици.
Во скопското јавно обвинителство од изутрина се сослушуваат неколкумина сведоци од поголемата група од 20 – тина кои се на списоци кои телевизија А1 ги објави пред две седмици. Списоците беа предадени во Обвинителството каде е отворен предмет. Според главниот обвинител Марко Зврлевски предметот ќе го работи искусен обвинител и се очекува сведоците да кажат дали и на кој начин од нив се барани списоци со имиња и матични броеви на луѓе кои би гласале до пладне на денот на изборите. Зврлевски потврдува дека доколку се дојде до податок дека некој раководител бил замешан во обезбедувањето на списоците и тоа го правел на начин што вршел притисок врз вработените истрагата ќе се прошири и тие ќе бидат повикани да дадат изказ пред обвинителот. Сослушувањето се уште трае. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот за 600 евра минимална плата
Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои работи, повторно ќе кажам од технички аспект во законот, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој кажа дека СДСМ дава максимална поддршка на барањата на претставниците на Сојузот на синдикати.
„Сметаме дека минимална плата од 600 евра е нешто што работниците заслужуваат и им е неопходно потребно за достоинствен живот,во временски период кога синдикалната кошничка надминува 65/66.000 денари, кога една третина од трошоците одат за храна и пијалоци, дополнително тука се други трошоци и школски прибор за децата и така натаму, работниците заслужуваат да имаат достоинствен живот“, рече Филипче.
„Ако само во првите две години од нашиот мандат можеше социјалната помош да се зголеми за 300% и да стане социјалната помош од 3.000 на 11.700 денари, ако минималната плата тогаш можеше да се зголеми во тој само период пред да продолжи и после ковид кризата да стигне повеќе од дупло, да се зголеми од 8.000 на 14.500 денари, тоа е зголемување за 60-70%, ако можеа платите на здравствените работници да се практично и повеќе од дуплираат со зголемување на парите за дежурства, со зголемување на основната плата за 40%, во првите години од мандатот не може оваа влада да каже дека нема пари“, додаде тој.
Според Филипче срамно е владата да најавува купување на нов владин авион.
„Тоа е расипништво од невиден степен, исмевање во лице на овие луѓе што протестираат денес пред Собранието, коишто имаат вистинска мака и не може да врзат крај со крај“, рече Филипче.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Заев и Филипче ја направија Македонија Колумбија на Балканот за шверц на марихуана
Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија – Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот наркопазар, очигледно е дека поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова, Македонија ја направија Колумбија на Балканот. Надлежните институции пред неколку дена, по детално спроведена истрага, запленија околу 40 тони марихуана од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, истите оние фирми на кои Заев и Филипче им доделиле лиценци за работа“, рече тој.
Но, додава Петрушевски, медицинската марихуана била само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога.
„Така, околу 30 тони или околу 70% од запленетата марихуана е од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, блиска и поврзана со Заев, Филипче и СДС. Основач на оваа компанија Христијан Котев, син на Тони Котев, познат по прекарот М’гчев, човек близок до Зоран Заев и поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село, а лиценцата ја добил во времето на Заев и Филипче. Сите знаат како во време на власт на СДС, Заев и Филипче се ваделе лиценци за производство на канабис за медицински цели. Најважниот услов кој требало заинтересираните да го исполнат е да бидат блиски на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Дека е така може да се заклучи и од паничните реакции на Заев и Филипче, каде што едниот се јавува со нејасна реакција на социјалните мрежи, а според сознанијата се интересирал и лично се јавувал за петте запленети тони марихуана, додека Филипче во паника се упатил кон јужната граница. Дали ова шетање на Филипче во Грција е само по барање на Заев? Дали имале средба и што било разговарано на истата?“, праша Петрушевски.
Според него, сите овие индиции и меѓусебни поврзаности на Заев и Филипче со шверцот на медицинската марихуана, Јавното обвинителство мора да ги истражи.
„Колку и да има таму лица под контрола на СДС, Заев и Филипче, мора да се издигнат, да се надминат себеси, да постапат согласно закон и да го истражат целиот случај. Како се издавале лиценците, кој се произведувал марихуана и зошто таа наместо за медицински цели, гледаме дека завршувала на црниот пазар? ЈО да истражи“, рече Петрушевски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Катица Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев
Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби’’ од страна на СДС и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од вкупно 12 обвинители, додека пак останатите 5 коишто требале да се приклучат, се приклучиле за многу кратко време, само поради фактот што еден од тие 5 обвинители морал да биде Гаврил Бубевски.
„Се чекало на амин од страна на Зоран Заев за овој тим да се оформи и да почне со работа. СЈО кое било користено за интересите и потребите на СДС, информации кои ние долго време ги говоревме, денес веќе и се потврдуваат. Дека станува збор за договор на Катица Јанева и Зоран Заев во тоа време, говори сведоштвото на Кадриу, која вели дека Јанева на своите вработени им кажала дека на ден 30.12.2015 година, не мораат да дојдат на работа, туку да си ги спојат тие деновно односно со празниците и да одмораат дома но, една од оние кои не го направиле тоа била и Лејла Кадриу, која сведочи како тој ден кога не требало никој да има на работа, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други лица биле во СЈО и носеле материјали кои незаконски ги примиле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска. Дополнително на ова, сите таканаречени бомби, биле прво праќани до ЈО, за потоа да бидат проследени до СЈО, за Катица Јанева да ги распореди кој предмет за кој обвинител да го работи“, вели Манасиевски.
Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, додава тој, биле толку големи професионалци во својата работа, што овие пријави од Зоран Заев ги преземале без никаков записник, што, како што вели, е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите.
„Од една страна ја имаме, Ристоска која сака да биде државен јавен обвинител, која во тие моменти била воодушевена од присуството на Заев и Шекеринска, нешто коешто во својата работа не смее да го покажува. Имено, дали баш на овој начин Ристоска би го водела и обвинителството, со симпатии кон одредени структури во државата? Од другата страна, го имаме Гаврил Бубевски, човек кој самиот се фалел дека не смеело ништо да помине токму без негово одобрение во СЈО, човекот кој имал 4 телефони, и на секој телефон добивал различни насоки од луѓе кои му кажувале кој предмет кој обвинител да го работи. Со тоа, директно надворешни структури, односно Зоран Заев и СДС влијаеле на епилогот на овие пријави. Овие професионалци кои денес глумат жртви треба да се извинат за она што го правеле во минатото, по сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, личност која ја делела истата канцеларија токму со овие луѓе“, рече Манасиевски.

